Да го расфрламе лошото богатство, значи да ги умртвуваме пороците и страстите, a тоа не можеме да го постигнеме без борба co нив.

Затоа, откако сме се откажале од светот, неизбежно ни претстои борба co страстите. Оваа работа треба да биде прва и најважна уште од самиот почеток на монашкиот живот.

Кај свети Касијан има и негови лични општи размислувања за оваа борба во неговите разговори, во неговиот четврти разговор – за борбата на телото и на духот, и во петтиот – за осумте главни страсти, во кои ни дава подробен опис на борбата co секоја од осумте главни страсти во книгите за манастирските правила.

Оттаму го земаме она што e најсуштествено).

three. Борба на телото и на духот (Разг.4)

eight. Постои борба во нашите членови, како што читаме кај светиот апостол Павле: “Телото сака спротивни работи на духот, a духот спротивни на телото; тие се еден против друг, за да не го правите она што го сакате” (Гал.5,17).

По Божја промисла, оваа борба е во самата наша природа. И можеме ли да не ја сметаме за неприродна, како нешто што му станало својствено на човекот по паѓањето во гревот на првиот човек, – кога им e без исклучок – заедничка на сите луѓе?

Но сепак, треба да веруваме дека таа e во нас според Божјата волја, за наше добро, a не за зло,- ако им e на сите својствена пo природа.

Таа e оставена во нас заради поттикнување на нашата ревност за придобивање на возвишеното совршенство.

9. Зборот “плот” или “тело”, во наведеното место од светиот апостол Павле, не треба да се сфати во смисла на “човек” како суштество, во смисла на телесна волја или на лоши желби.

Исто така, под зборот “дух” не треба да се разбере некакво лично суштество, туку треба да ги разбереме добрите и лоши пожелби на душата.

Ваквата смисла ја посочил самиот апостол, велејќи:

“Живејте по духот, и желбите на телото ваше нема да ги извршувате” (Гал.5,16). Има, значи, различни желби во еден и ист човек; тие се внатре во нас и водат непрестајна борба.

Похотта на телото воглавно e насочена кон гревовното и наоѓа задоволство само во него, во задоволувањето на потребите на сегашниот живот, a духот, напротив, целиот сака да се посвети на духовните работи, -не посветува ни малку грижа за задоволување на ова гниежливо тело.

Телото се задоволува co земните изобилства и co телесните задоволства, а на духот му e пријатна грижата за вистинските природни потреби.

Телото сака да се наситува co сон и да се пренаполнува co храна, а душата се храни co бдеења и пост, па затоа не му дава на телото сон и храна повеќе отколку што му се потребни за живеење.

Тоа сака да изобилствува во големи богатства, a душата се задоволува кога има само малку леб за секојдневна употреба. Телото бара удобности и да биде заобиколено co многу ласкатели; a на духот му e мил строгиот пустински живот и вистинската слобода во неа, а не му e пријатно присуството на смртните.

Телото се стреми кон човечки почести и пофалби, a за духот радосни се гонењата и навредите.

10. Kora нашата волја e раководена од самољубието и од земната мудрост, тогаш таа се обидува да одржува некаква средина, достојна за секаква осуда – средина меѓу овие два стремежа во нас, односно да се воздржува од телесните страсти, но да гледа да нема неугодности, кои се неизбежни кога се трудиме вистински да се воздржуваме од страстите и задоволувањето на духовните барања;

кога сакаме да добиеме телесна чистота без да го накажуваме телото, без трудот на бдеењето да добиеме чистота на срцето и co давање спокој на телото да го добиеме изобилството на духовните добродетели;

без борба против озборувањето да ја добиеме благодатта на трпеливоста;

да го пројавуваме Христовото смирение без да ја губиме честа од луѓето;

да jа следиме едноставната побожност и да не се одвојуваме од гордоста на овој живот;

да My служиме на Христа, a да не се оддалечуваме од славата и наклоноста на луѓето;

да ja говориме одлучно Божјата вистина, a да немаме ни најмало навредување од луѓето.

Co еден збор, сакаме да ги придобиеме идните блага – без да ги загубиме благата на овој живот.

Ваквиот однос спрема Христа нѐ води кон вистинското совршенство; оние што сакаат на ваков начин да се спасат, ja губат топлината на својата душа и стануваат такви, какви што се оние за кои се говори во Откровението:

“Ги знам делата твои; ти не си ни студен, ни жежок; o, да беше студен или жежок!

Така, бидејќи си ладен, и не жежок, ниту студен, ќе те изблујам од устата Своја” (Откр.3,15-16).

Но Божјата благодат, откако ќе доjде, ja поттикнува силата на духот и му дава возвишени стремежи, кои го ослободуваат од сѐ што e земно.

Изложувајќи се на нивното влијание, душата веќе не може да остане рамнодушна и топло-студена, туку ќе почне да покажува ревност за она што e подобро и да жртвува за него сѐ што e од овој свет.

Меѓутоа, во душата и понатаму останува тежнењето кон поранешниот спокој на рамнодушноста; таа e секогаш готова пак да се врати кон него.

За да не се случи ова, во телото остануваат движења кои им се спротивставуваат на возвишените стремежи, кои, откако ќе ги вкусиме тие возвишени блага, душата веќе не ги заборава и, штом ќе ги почувствува, оживува и се разгорува co сета своја ревност и силно се труди, за да ги задржи овие блага.

И тогаш, кога волјата ќе дојде во оваа душевна состојба топла и студена, настанува борбата на телото и се разбудуваат неговите сили.

Од ова се гледа јасно, дека засекогаш би останале во состојбата на топлина, која My e спротивна на Бora, ако од оваа состојба не би нѐ извела борбата која започнува во нас.

Зашто во неа, кога, робувајќи му на самоугодувањето, ќе посакаме да направиме нешто што би ни причинило духовно задоволство, нашето тело веднаш востанува и ранувајќи нѐ co бодилата на гревовни движења и страсти, не ни дава да стоиме на пријатната чистинка, која толку многу ja сакаме, и нѐ вовлекува во задоволство што нѐ оладува и како да нѐ води на пат зараснат co трње.

Но ова ја разбудува заспаната ревност за Бога; таа станува и ги одгонува непријателите кои ни се приближиле.

Дејствувајќи во нас секој ден, оваа борба нѐ доведува до одлучност: да го отфрлиме безгрижниот живот, па co многу напори и духовна скрушеност да го чистиме нашето срце: да го чистиме и нашето тело co строг пост, гладување, жедување и неспиење; да се издигнуваме во добра духовна расположба преку читање, размислување и непрестајна молитва.

11. Нешто слично e таинствено изобразено и за Божјата промисла по однос на народите, кои биле непријателски расположени спрема Израилот, како што читаме во старозаветната книга за судиите:

“Еве ги народите, кои не знаеја за сите ханански војни, само за да знаат и да се учат на војна подоцнежните поколенија на Израилевите синови, кои порано не ја знаеја.

Тие беа оставени за да биде преку нив искушан Израилот, и да се дознае дали се покоруваат на заповедите Господови, кои Он ги беше заповедал на татковците нивни преку Мојсеја” (Суд. three,1,-2,4).

Таа и таква борба Господ ја устроил не затоа што не сакал Израилот да биде спокоен или затоа што не се грижел да му биде добро, туку бидејќи гледал дека таа борба е корисна за него.

Подложен речиси на постојани напади од страна на тие народи, израилскиот народ не можел да не ја чувствува потребата од Божјата помош, па затоа требало да биде исполнет co надеж во Бога и да My ce моли за помош; да биде во постојана молитва.

Немајќи можност да го запостави делото на таа борба,
немал ни време да се предава на безгрижност или да слабее духовно во мрзливост и во неработење. Зашто често сигурноста и среќата го победуваат оној, кого не можеле да го победат несреќите.

12. И од што друго ја наоѓаме душата на евнусите заспана, ако не од тоа што тие се заблудуваат себеси, мислејќи дека се ослободиле од таа телесна потреба и дека немаат потреба од никаков труд и од телесно воздржување, дека немаат потреба ни од скрушеност на срцето.

Оние што се ослабени од ваквата безгрижност – веќе не се грижат да придобијат вистинско совршенство и за очистувањето на своето срце од душевните страсти.

Ваквата состојба, која се издигнува над телесната состојба, останува само душевна, таа според зборовите на Самиот наш Господ Исус Христос e достојна за отфрлање затоа што од ладно преминала кон топло – се задржала на оваа топлина.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том II Свети Јован Касијан Римјанин, Преглед на духовната борба  (извадок)

Подготви М. Даниловска

Originalen post ...