БОРБА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ДУШИ

На секој човек напаѓаат и демоните кои сакаат да ја погубат неговата душа со помош на влеани стравови, искушенија и соблазни. Духовите на злоба не прават ништо таму каде што луѓето го прават она што го посакуваат овие духови: го изневеруваат Бога.

Таквите луѓе сами доброволно ја вршат својата работа. Нивната цел е поинаква. Нивна цел е да го исфрлат Бога од луѓето, кои со душите тежнеат кон Него, луѓе кои ја знаат сладоста на духовниот живот, луѓе кои со своите животи можат да го слават Бога и да привлечат други души кон Бога.

Да се уништи праведникот, со префинети искушенија да го приведат до соблазна, да ја расипат душата, да ја доведат до очајание – тоа е она што непријателот го поставува како своја цел. Големите древни отци од египетските пустини, нашиот преподобен Сергеј и неговиот следбеник, големиот старец Серафим Саровски – сите тие трпеле жестоки напади.

Демонот им се јавувал во сите севозможни видови. Им се чинело дека нивната ќелија се распаѓа, тие слушале ужасен кикот, рикање и завивање:

„Излези од тука“. Сатаната го подигнувал старецот Серафим во висина и го фрлал надолу.

Таму каде што е готово да се разгори живото жариште на верата, распламтениот оган на благодатта, таму демонот ги користи сите усилби да го изгасне овој оган.

Демоните (како Ангелите) имаат различни способности: некои „се специјализираат“ во алчноста, други предизвикуваат блудни страсти, трети – гнев, четврти – суета и сл.

Во срцето на секој човек меѓу Бога и ѓаволот се води „невидлива борба”. Но, Бог скоро секогаш не им се јавува лично на луѓето, но им доверува на своите ангели (или на светите луѓе) да ја пренесат Неговата волја.

Ваквиот поредок е воспоставен од Бога за да бидат што поголем број на луѓе вклучени (а со тоа и осветени) во промисла Божја, и за да не се нарушат слободите на луѓето кои не се во состојба да ја издржат личното јавување на Бога во целата Негова слава.

Освен тоа, за секој христијанин, земната Црква со небесните покровители вознесува особени молитви, а Бог има особена грижа за него.

Еднаш, кај Оптинскиот старец Амвросиј дошол еден свештеник, кој се сомневал во личното постоење на духови, но не се осмелил да го изрази своето сомневање пред старецот.

Заради својата прозорливост, отец Амвросиј без зборови ги видел неговите сомнежи и решил да го убеди свештеникот за она што не можел да го прифати без докази. Отец Амвросиј на неколку минути ги затворил очите, и тогаш свештеникот видел дека целиот воздух во ќелијата до таванот е исполнет со ужасни духови. Тој се стресол и се здрвил од страв.

Немало место за сомнение. Отец Амвросиј тогаш му рекол:

– Ги виде?

„Видов, оче”, одговорил свештеникот.

И сè било кажано.

КРАЈ НА СТАТИЈАТА – НЕКА СВЕТИОТ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ И АНГЕЛОТ ПАЗИТЕЛ НЕ ЧУВААТ ОД СЕКАКВО ЗЛО И НЕКА НЕ ВОДАТ ПО ПАТОТ НА СПАСЕНИЕТО. АМИН

Подготви Православна Обител

Сатана и собрание демонов в Аду. Иллюстрация Гюстава Доре

Originalen post ...