ЧОВЕШТВОТО Е СОЗДАДЕНО ЗА ДА БИДЕ РАДОСНО А НЕ ТАЖНО…

Благодатниот старец Авакум од големата Лавра говореше:

„Радоста потекнува од поврзаноста со Бога и од единството со Него.
Човештвото е создадено за да биде радосно, а не тажно.

Зошто својата радост ја преземаме од идолите (т.е. од лошите работи)?

Верувајте дека ќе морате да ја платите таа радост.

Меѓутоа, радоста која потекнува од Бога, не бара да биде платена.

Јас, на пример, не поседувам ништо во овој свет,

не можам да платам за среќата која што ја поседувам.

Јас не сум единствен кој тоа го кажува, зашто тоа го кажуваат и моите браќа кои исто така не поседуваат ништо, освен Бога.

Сите тие се преисполнети со радост!

Јас Христа ради од се`  ослободив!

Немам ништо освен мојот Господ и радоста!

Сиромаштвото е прекрасно, зашто ве олеснува и ослободува. Човекот мора од се да се ослободи како би направил простор Христос да стапне во неговото срце.

Кога е Господ со мене, тогаш во мене постои радоста.

Би требало во секоја пештера да постои – радост!“

Архимандрит Јоаникије Коцонис
текст од книгата “Старечник (изреки на светогорските старци)”

Originalen post ...