Title : ЧУВАЈТЕ СЕ ОД ПРЕЛЕСТА (Свети Теофан Задонски)

ЧУВАЈТЕ СЕ ОД ПРЕЛЕСТА (Свети Теофан Задонски)

Example User · 2 months ago

ЧУВАЈТЕ СЕ ОД ПРЕЛЕСТА (Свети Теофан Задонски)

Оправдан е исто така стравот од прелеста… Постои мисловна прелест – тоа е замислување… а постои и надворешна – тоа се светлости, звуци, некакви фигури… Плукајте на сето тоа… зашто е ѓаволско. Демонот се јави некому и повика: „Доаѓа Христос, доаѓа Христос!“ А овој му одговори: „Губи се прелест лукава! Нема кај мене да дојде Христос: зашто јас сум крајно грешен“ – и демонот исчезна.

Бојте се од прелеста… Треба да сее боите… но избегнувајте ја основната прелест, па ни за други нема да има место.

Основната прелест е кога мислам, и уште повеќе чувствувам дека сум нешто, а всушност сум ништо. Јас тоа го нарекувам самовреднување…

Обрнете внимание на таа вообразеност и сметајте ја за свој прв неепријател. Не давајте и` да заседне во вас – инаку ќе ве погуби… Еве апостолска лекција: Зашто кој мисли дека е нешто, а не е ништо, се опрелесува (лажи) самиот себе (Гал. 6, 3).

Погубниот дух на прелестта се состои ( настанува) од три гревови: самодопадливост, самоволие и умисленост.

Постои дух на прелест кој, којзнае како, ја обвива душата со своето лукавство, и ја заплеткува во помисли, така што таа смета дека е демек смирена, додека внатре сокрива горда умисленост (вообразеност). Заради тоа секогаш треба да се набљудува срцето. Тука се најпогодните смирувачки надворешни односи.

Пофалбата

Не е добро кога сите околу те фалат и никој не ја зборува вистината. Зар во тој случај е потребно многу, па да се изгубиш? И неволно ќе почнеш себеси да се сметаш за свет и на сите да им држиш лекции.

Пофалбите раѓаат фалбаџиство и држење до себеси – зли чувства кои водат кон суета и гордост. Боже сочувај!

Воскреснувајќи ја Јаировата ќерка, Господ на нејзините родители строго им заповедал никој да не дознае за тоа (Мк. 5, 43).

Со тоа ни е речено: не барај слава и својот слух не го изострувај да чуеш човечки пофалби, дури ни тогаш кога твоите дела се такви да не можат да се сокријат. Прави го она што ти налагаатстравот Божји и совеста, а кон она што луѓето го зборуваат однесувај се како да не постои. И пази на својата душа: штом макар и малку се сврти на таа страна, враќај ја во ред.

Желбата луѓето да дознаат, поттикната е од желбата за пофалби. Кога ќе дојде пофалбата, целта изгледа достигната; а тоа ја поткопува енергијата и ја пресекува работата која е пофалена.

Излегува дека оној кој сака луѓет да знаат за неговите добри дела – самиот е свој предавник. Тоа што луѓето го фалат доброто, тоа е нивна работа: зашто ако нешто е добро, како да не добие пофалба?

Но таа пофалба немој да ја имаш на ум, ниту да ја сакаш, ниту да ја бараш.

Ако си попуштиш себеси во тоа – сосема ќе се расипеш. Едно попуштање повлекува друго. Зачестеноста на тоа ќе те претвори во пофалбољубец.

А кога ќе дојде дотаму, нема веќе сите твои дела да бидат за пофалба и пофалбите ќе се стишат. Покрај недостатоците на пофалби од страна, ќе се појави фалбаџиство, кое Господ го нарекол трубење пред себеси. Тоа е уште полошо. Душата тогаш станува ситничава и јури по лажен сјај, и вистинско добро од неа веќе не очекувај.

Демоните никогаш ништо неговорат и не прават со добра цел: тие секогаш во предвид имаат некое зло… Малку – малку, кога некому ќе му појде од рака да направи нешто добро, демонот итро се приближува и почнува да труби во ушите: ти си таков и таков.

Не слушај и не впуштај се во разговор со таквиот подлизурко, туку веднаш отсечно речи му: „замолкни и излези!“, неговото заминување пропратиго со воздивнувања и самоукорување, а местото на кое бил окади го со скрушена молитва.

Тој сака да породи вообразеност и држење до себеси, а од нив потоа ќе се развие фалбаџиство и суета – сè такви помисли и чувства кои во духовниот живот се исто што и крадците во секојдневниот.

Како што тие влегувајќи во куќата ги крадат домашните добра, така и овие (помислите и чувствата) со своето вкоренување во душата го уништуваат секое добро во неа и го исфрлаат надвор, така да не останува ништо заради кое што Господ потоа би те пофалил.

Source: https://pokajanie.mk/2020/05/22/27736/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Беседа за празникот на преподобниот Прохор Пчински (01 ноември)

Митрополит г. Тимотеј  Пустинскиот жител и телесен ангел Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух! Драги браќа и сестри, Светиот апостол Павле во своето послание до Галатјаните вели: „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите” (Гал. 5: 24). Нема сомневање...

Image Description
1 year ago

За (не)простувањето / (Злопамтењето е живот во ропство)  – Отец Гаврил

За (не)простувањето /  – Игумен Гаврил Господарот, во ова евангелско четиво, е Спасителот Исус Христос, кој заради нас на крстот ги прикова нашите гревови и со својата крв ги искупи (прости). Бидејќи Човекот беше немоќен тоа да го направи, затоа Бог тоа го направи за нас. Заради тоа, ние сме Негови...

Image Description
2 years ago

Овде на земјата, секое добро и секое зло имаат крај

Свети Јован Златоуст Погледни, колку тврдини и палати на цареви, владетели и началници се претворени во рушевини! Сети се, колку сила и колку богатство имаа некогаш! А сега дури и имињата им се заборавени. Светото Писмо вели: „Многу владетели ја изгубија власта и седнаа на земја, а еден безначаен,...