Чудо на Свети Димитриј-Svet

Example Super-Admin User · 2 months ago

    2 minutes, 9 seconds


sv.vmc.DIMITRIJ

Чудо на Свети Димитриј
Свет Војник


Пладнето во Солун наликува на пладнињата на сите големи пристанишни градови. Тоа е момент кога вревата се намалува. Есента е украсена со боите на дрвата, а ретките минувачи, ги мами мирисот од рибите во таверните. Од далеку се слушаат сирените на бродовите, кои го поздравуваат градот, заминувајќи на далечни патувања. Одвреме навреме се слуша крикот на галебот, наговестувајќи го југот. Темпото на чекорите по должината на камените тротоари, е сè потивко. А морето и небото, си ги имаат измешано своите бои.
       Во црквата Свети Димитриј присуствува тивок полумрак. Неколку жени работат во црквата, движејќи се тивко, како да не го допираат мермерниот под. Ништо не го нарушува мирот во храмот. Пред олтарот, две жени во црно, со молитвен шепот, повремено ги подигаат насолзените очи кон иконата на Спасителот.
Оддадени на своите обврски и молитви, тие не забележаа, кога и како во црквата влезе необично облечен човек, но сите во исто време, станаа свесни за неговото присуство. Ги прекинаа своите молитви и обврски и му излегоа во пресрет.
             Тој, измачен, во крвава облека, се упати кон олтарот. Тие се собраа околу него, прашувајќи го дали му треба нешто, кој е, и од каде доаѓа.
Побара вода и рече: „Јас сум од овде, но сега доаѓам од Босна, таму се води борба за Православието!“
           Жените се разотидоа. Една од нив отиде по вода, а друга да повика свештеник. Помладата жената во црно, внимателно гледајќи го војникот, го препозна, и како птица погодена во лет, тивко крикна, паѓајќи во безсознание. Постарата се обидуваше да ја освести. Останатите жени стоеја скаменети, без глас, а војникот со облека на византиски војник, пополека се упати кон гробот на Свети Димитриј, и исчезна во него.
          Тишината се згусти, остана само благиот мирис на босилек или смирна, не беа сигурни што е, но убавиот мирис сите го почувствуваа.
Жената која отиде по вода, дојде во исто време со свештеникот. Младата жена, кога се освести, клекна пред иконата на Свети Димитриј, и со солзи во очите, се молеше допирајќи го подот со своето чело.
           Свештеникот ги запраша жените што се случи. Тие му раскажаа сè за доаѓањето на непознатиот човек, за неговиот одговор  на прашањето кој е и од каде доаѓа. Потоа ги запраша како беше облечен, а тие повторно во еден глас рекоа: „Исто како Свети Димитриј на оваа икона.“
           На овој одговор, свештеникот направи голема метанија пред иконата на Свети Димитриј, топло и долго молејќи се во небесна тишина.
Подоцна, многу подоцна, свештеникот ни раскажа дека Свети Димитриј последен пат се јавил во 1804 година.

Настанот се случи во Солун пред славата на Свети Димитриј, на 8 ноември 1991 година.

fb profil na Kire Pismanovski

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/25401-chudo-na-sveti-dimitrij

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Кога велиме „Слава Ти, Боже", демоните се фрлаат во морето

26ти декември   2020 лето Господово св. Пајсиј Светогорец Кога велиме „Слава Ти, Боже", демоните се фрлаат во морето-    Старче, загрижена сум бидејќи имам многу здравствени проблеми.-    Сето тоа да го примаш како голем дар Божји. Бог не е неправеден. На небесат...

Image Description
2 weeks ago

Од кога мајка ми ме родила не сум ги нарушил постите…

… ….Доаѓа некој друг на исповед. Еден стар човек од 87 години. Одвај го подигнав под епитрахилот. Симеон беше неговото име. “Оче, подај ми ја раката, да се поткренам”. He можеше да се поткрене од колената. -Старче, му велам, немој да клечиш. Седни на столчево! Бидејќи старец можеш да го исповедаш ду...

Image Description
1 year ago

Свети Јован Шангајски:

Свети Јован ШангајскиСвети Јован Шангајски е роден на 17 јуни, 1896 година, во Адамовка, Харковска губернија, со крстено име Михаил - по светиот Архангел. Како дете често одеше во блискиот манастир, каде што почиваа чудотворните мошти на свет архиепископ кој за време на животот бил почитуван заради...