ДА ГО ОБРЕЖEМЕ СРЦЕТО, А НЕ ПЛОТТА

Example Super-Admin User · 8 months ago

    2 minutes, 8 seconds


TVIT24
ДА ГО ОБРЕЖEМЕ СРЦЕТО, А НЕ ПЛОТТА

На денот на споменот на Свети Василиј Велики, ретко се сеќаваме на еден друг настан што Црквата го празнува денес - Обрезание Господово.


Осмиот ден по раѓањето, според изричните директиви на Светото писмо, секое еврејско машко дете било обрежувано. Овој чин требало да го потврди Заветот што Бог го склучил со „таткото на сите верни“ Авраам и преку него со целиот народ Израилев.
             Воплотениот Христос ,кој по своето потекло од Дева Марија, му припаѓал на народот Израилев и затоа и Самиот станал учесник во обредот на обрежувањето. Зошто било потребно да се потврди Заветот меѓу Бога и човекот со толку болен обичај, особено кога тој се извршувал со новородените младенци?
За да одговориме на ова прашање, мораме да запомниме дека по Падот, поради способноста  да не го забележува очигледното, човекот станал исклучително сурово суштество. Тој може целосно да ги игнорира страдањата и болката на другите човечки суштества сè додека тоа страдање не влијае директно на него или на оние што ги сака. Оттука и идејата за жртвопринесување, која се појавила веднаш по протерувањето на Адам и Ева од рајот.
Кога му го даваме на Бог најдоброто што го имаме, Му даваме дел од себе. Библијата препорачува да се жртвува најдоброто јагне од стадото — најубавото и најневиното. Зошто? Зашто само преку крвта на невината жртва можеме да ја разбереме суровоста и минливоста на овој свет што сме го создале со сопствената волја, постапки, гревови и рамнодушност. Овој свет може да се промени само ако ние самите се промениме - преку покајание и промена на умот. Ова е значењето на жртвата.
Малото дете, кое само по себе сеуште нема гревови, ја пролева својата крв за време на обрежувањето како потврда на Заветот со Бога и ... заради гревовите на сите оние што го прекршиле тој Завет. На тој начин, чинот на обрежувањето не само што ја потврдувал припадноста кон Божјиот народ, туку и повикувал кон покајание,кон промена на умот и на светот.  

No description available.                Во Новиот завет, повеќе не се пролева крвта на младенците. Затоа што по пролевањето на Богочовечката крв на Голгота, ништо повеќе од тоа не може да се направи. Тоа значи дека и денес мораме да го склучиме својот личен завет со Бога, но не со обрежување на телото, туку со обрежување на срцето. „ И така, отстранете ја нечистотијата на вашето срце, и немојте да бидете во иднина тврдоглави; “ (5. Мојсеева 10:16), ни вели пророкот Мојсеј, затоа што, според зборовите на апостол Павле, „ Зашто не е прав Јудеец оној, кој е таков по надворешност, ниту право обрезание она, кое е надворешно, врз телото, туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не потекнува од луѓето, туку од Бога. “ (Рим. 2:28- 29).

Автор: Архиепископ Баришевски Виктор (Коцаба)
Извор: blogs.korrespondent.net
За Преминпортал: Симеон Стефковски

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25606-da-go-obrezheme-srceto-a-ne-plotta

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Скопска Црна Гора - македонската Света Гора

Скопска Црна Гора - македонската Света Гора " За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, к...

Image Description
1 year ago

Ватопедска чудотворна икона на Богородица Парамитија (Утешителка)

Ватопедска чудотворна икона на Богородица  Парамитија (Утешителка) ИКОНАТА КОЈА ГО ПРОМЕНИЛА СВОЈОТ ЛИК Преданието раскажува дека во 807 година на Света Гора дошле банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед,  да ги заколат монаси...

Image Description
3 years ago

За православното богослужение

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика...