„Чување на умот“

&

Љубовта кон овоземното ја пустоши душата, и таа тогаш станува безживотна, се гордее и не сака да Му се моли на Бога. Непријателот, гледајќи дека душата не е со Бога, ја крши и слободно ѝ го вметнува во умот она што го сака, еднаш едни, другпат други помисли.

старец Силуан Атонски

Борбата со помислите Господ ја прифаќа какомачеништво.

св. Варсануфиј.

Што се мислите? Главно, тие се желби на срцето. Ако преовладува првиот вид, мислите ќе бидат насочени кон потребите на телото.

При развојот на разумот се појавува вториот вид, тогаш преовладуваат умните интереси за науката, уметноста. А ако постои благодатен разум (третиот вид), мислите првенствено ќе бидат насочени кон духовната област: религија, покајание итн.

Колку човекот е подалеку од Бога, неговите мисли се порастроени и неговите душевни преживувања беспокојни.

Колку, пак, човекот е поблиску до Бога, тој е сосредоточен на една бестрасна мисла, а тоа е посебен вид или чувство на умот.

Најважниот момент во аскетското искуство е „чувањето на умот“ (умот да не ѝ се предаде на суетата на овој свет и на однадвор наметнатите впечатоци).

Најважното во чувањето на умот е сеќавањето на Бога. Она што ѝ се случува со рибата кога е извадена од вода, истото му се случува и на умот кој заборавил на Бога и лута размислувајќи за овој свет.

Изворот на мислите во значајна мера е и свет на духовите. Тоа се потврдува и во Евангелието: „Ѓаволот му вметна мисла на Јуда да Го предаде.”

св. Сава Псковско- Печерски

Од една мала помисла, тенка како пајажина, може да се преврти небото.

арх. Јован Крестјанкин

Душата е Христова невеста. И како што треба телото да се чува од видливиот грев, така и душата и умот треба да се чуваат од непотребните помисли.

Грешната мисла, која е наметната однадвор и не наоѓа согласност кај човекот, не се смета за грев.

Среќен е оној што не фантазира. Ние не сме одговорни за случајните мисли, но за желбите носиме одговорност.

св. Сава Псковско- Печерски

Originalen post ...