Епископ Стобиски г.Јаков:Не можеме да постоиме без Бог, без неговите несоздадени енергии

Example User · 2 weeks ago

    1 minute, 11 seconds


Episkop.Jakov.Vodocha

Зависноста во човековата личност лежи во него и ги гледаме овие аномалии како последица на неговата паднатост, но и во првосоздадената природа онака како што Бог го создал човекот. Го создал како зависен, зависен од неговата Љубов. Бог нѐ приведува од небитие во битие. Нашето постоење зависи од Бог. Ние не сме енергетски самостојни битија.
            Не можеме да постоиме без Бог, без неговите несоздадени енергии. Без оглед каков е нашиот однос кон Бог, дали го сакаме или не го сакаме, дали веруваме во него или не веруваме. Тоа е исто како со воздухот. Можеме да кажеме дека нема воздух во просторијава, но секој нормален човек знае дека ако нема воздух нема да можеме да дишеме, тоа што не го гледаме и не можеме да го допреме.
Така и нашето постоење во однос на Бог. Ние сме создадени зависни. И токму таа зависност од Бог, ја злоупотребува непријателот на нашето спасение, кој што во оние први мигови од создавањето на нашите прародители им рече: Не ви треба Бог за да постоите, тој само ви пречи во вашето постоење. Сѐ што ви треба е ова јаболко, каснете и ќе бидете богови без Бог!
            И токму тоа му се нуди на современиот човек денес, нешта кои што ќе му бидат богови, кои што ќе му го надоместат Бог. И навистина, дали алкохолот или дрогата или било која од суспстанциите, ако воопшто зборуваме за супстанции, му стануваат богови на современиот човек, но богови кои го покоруваат и садистички се однесуваат и богови кои не му дозволуваат да го живее сопствениот живот."

 Викерен Епископ Стобиски г.Јаков.

     

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/25592-vikeren-episkop-stobiski-g-jakov-ne-mozheme-da-postoime-bez-bog-bez-negovite-nesozdadeni-energii

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 weeks ago

Викарен Епископ Јаков Полјански

„Што сакаш да ти направам?“ Оној што јасно се видел себеси,поголем е од оној што гледа ангели.– Ава Исак Сирин           Ние дефинитивно живееме во една сеопшта атмосфера на духовно слепило, во која никој ништо не гледа јасно – ниту Бог, ниту ближниот, а...

Image Description
1 month ago

БEСEДА за двата свeта

БEСEДАза двата свeта Вo пoчeтoкoт Бoг ги сoздадe нeбoтo и зeмјата (I Мoј. 1:1). Штo сака Бoг, браќа, тoа и гo oткрива на луѓeтo, а штo нe сака Oн, тoа oстанува нeoткриeнo. Бoгoвидeцoт Мoјсeј ништo нe мoжeл да рeчe пoвeќe за нeбoтo, oсвeн самo дeка нeбoтo Бoг гo сoздал вo пoчeтoкoт, и кoга гo рeкoл...

Image Description
2 years ago

Владика Методиј: РЕСТАВРАЦИЈА НА ТРАДИЦИИ… (во бадниковата ноќ нашиот град има апокалиптички изглед)

(прекрасен текст како лек против мамурлокот) Каде ни отиде критериумот за автохтоните вредности на празнување? ВЛАДИКА МЕТОДИЈ: РЕСТАВРАЦИЈА НА ТРАДИЦИИ ИЛИ РЕСТАВРАЦИЈА НА ПРИМИТИВИЗАМ Немаме бургерски бек-граунд како Британците, а се обидуваме да бидеме поцинични од нив. Далеку помалку сме раб...