&

СВЕШТЕНСТВО

• Слабоста на свештеникот како човек никако не е пречка за извршување на Светите тајни, бидејќи тие се извршуваат врз основа на благодатта на свештенството во која човекот е облечен, a не врз основа на неговите лични доблести, иако е пријатно да се види во едно лице соединување на личните доблести и на благодатните дарови.

• Кога човекот ќе се обнови co покајание, тогаш гревовите од младоста не му пречат да се грижи за душите на ближните.

Тоа е сфаќање на Црквата од старина, и свети Нифонт, епископот на Кесарија Кипарска, пo Божјо откровение примил на себе обврски на пастир, иако во младоста многу се сопнувал. Да се види неговото житие за 23 декември.

• Рамноапостолниот Цар Константин бил толку трогнат од благодатниот елеј на милосрдие, co кој вистинските христијани, пред сите други добродетели се уподобуваат на Бог, што велел:

„Ако видам грешен презвитер или монах, би го соблекол од себе царскиот пурпурен плашт и co него би го покрил грешникот. Почитувањето или непочитувањето укажано на служителот, вознесува кон Оној Кому тој My служи”.

• Епископот претставува основа на црковната ерархија.

Тој е приемник на апостолите, претставник на Господа на земјата. Тој ракополага презвитери и ѓакони, тој осветува храм или најважниот дел од храмот – антиминсот, тој осветува свето миро; тоа не можат да го направат ниту илјада презвитери собрани на едно место.

Тој е почеток и извор на сите христијански Свети Тајни и на Богослужението; христијанската Црква без него не може да постои.

Апостолите, проповедајќи го Евангелието по вселената, по сите градови и области поставувале епископи, а епископите ракополагале презвитери (свештеници), за во потполност да им удоволат на потребите на христијаните.

Bo црковна смисла свештениците се орудие на епископот: тие орудија дејствуваат сè додека преку нив дејствува епископот; кога тој ќе престане да дејствува преку нив, тие се лишуваат од сета своја сила, бидејќи тие сили не се нивни сопствени, туку позајмени.

• Хиротонијата е голема тајна: co посредство на неа човекот одеднаш се преродува од словесна овца во пастир…

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Повеќе ...