Препорачувам да исчитате ????

ТЕ ЧЕКАМ НАДВОР!

(Господ му зборува на човекот)

Гледам, одиш во црква!

Не ме интересира што ќе правиш таму, иако мислам дека ќе се молиш.

Не се грижам ниту малку за тоа дали ќе стоиш пред олтарот или таму покрај вратата, дали ќе се молиш седејќи или клечејќи, со наведната глава или со затворени очи или, пак, ќе гледаш во иконата на олтарот,

ќе се удираш во градите,

ќе ги движиш усните шепотејќи ги зборовите од молитвата, или ќе ја вртиш бројаницата меѓу прстите.

Сето тоа се надворешни и едноставни дејствувања со коишто не е тешко да го измамиш човекот.

Те чекам надвор!

Кога ќе излезеш од црквата и ќе се вратиш помеѓу луѓето, подготви се за средба со мене.

Тогаш немилосрдно ќе те следам, ќе те надгледувам, ќе судам, а можеби и ќе те осудам.

Имам право тоа да го направам.

Имено, сакам да знам:

Дали во црквата навистина си разговарал со Бога или само си се подигрувал со Него…

Сакам да се уверам – дали молитвата навистина го прави човекот поинаков и подобар?

Доколку се уверам дека си дрзок, лаком, себичен,

раздразлив, навредлив, завидлив, брблив,

површен, ќе знам дека твојата молитва не чини.

Доколку се уверам дека во семејството, на работа, во училиште, на пазар, во автобус, на улица не знаеш да разговараш со луѓето, со сигурност ќе знам дека ниту со Бога не знаеш да разговараш.

Ако некој непрестајно треба да те теши, да те фали, ќе знам дека во црква не си одел заради Бога, за да го славиш, туку да се поклонуваш сам на себе.

Но, доколку од твоите усни извираат мирни зборови, радост, зборови на доверба и утеха, ако твоите очи бидат отворени за неволјите на ближниот,

а твојата рака ги подига немоќните,

ако твоето срце има разбирање за другите

и ако простува и љуби,

ќе знам дека во црквата навистина си разговарал со Бога.

Те чекам надвор!

свети Серафим Вирицки

Originalen post ...