Title : Игуменот Партениј – новоизбраниот Епископ Сарандопорски~

Игуменот Партениј – новоизбраниот Епископ Сарандопорски~

Example User · 2 months ago

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), освен тековните работи од црковниот живот, го разгледа и предлогот на Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и одлучи за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија да биде избран Неговото Високопреподобие игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот г. Партениј, со титула Епископ Антаниски.

Наречението на новоизбраниот Епископ Антаниски ќе се изврши на 11 јули во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, а хиротонијата ќе се изврши на 12 јули 2020 година, на Петровден во храмот „Св. Софија“ во Охрид.

Синодот, исто така, го разгледа молбеното барање на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф кој, од здравствени причини, побара да биде ослободен од активна епархиска должност и го усвои неговото барање.

За нов архиереј, на предлог на досегашниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, со титула Сарандопорски, е избран игуменот на Осоговскиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“ архимандритот г. Григориј.

Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата и востоличувањето ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Куманово.

Од канцеларијата

на Светиот архиерејски синод на

Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Source: https://pokajanie.mk/2020/05/22/27754/

Related Posts

Image Description
11 months ago

Единаесетта недела по Педесетница

На 01.09.2019 година, во Единаесеттата недела по Педесетница Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тај...

Image Description
3 months ago

ЗА ЖЕНИТЕ МИРОНОСИЦИ – Освестен подвиг

ЗА ЖЕНИТЕ МИРОНОСИЦИ (02.05.2020 08:57) Освестен подвиг Првиот опит од освестен подвиг може да се стекне само на првиот степен од духовниот развој, во подвигот на чистење на срцето од страстите, во целосрдечно послушание кон духовен раководител. Но, зошто само таму? Затоа што само преку подвигот на...

Image Description
2 years ago

Смирение, смирение, смирение

Од една страна го имаме фарисејот. Денес имаме многу предрасуди за него! Забораваме дека навистина, фарисеите биле најпочитуваните луѓе во општеството, затоа што припаѓале на еден посебен дел од верската заедница што живеела особено строг живот, од којшто произлегувале големи добродетели. И на фа...