ПРИЈАТЕЛОТ Е НАЈГОЛЕМА СРЕЌА
– Св. Нектaриј Егински

…Има три вида на пријателство:

по добродетел, по взаемност и по навика, а најдобро е по добродетел, бидејќи во добродетелта љубовта е силна.

Ликот на пријателот

Пријателот е добар човек, со здрава душа, мисли исправно, ја сака добродетелта, има беспрекорен морал, верен е во љубовта, искрен на зборови, има постојана душа, искрен советник е, отворен е, вистинољубив и правдољубив.

Пријателот е слика и прилика на својот пријател и до крајност чувствителен го чувствува душевното расположение на својот пријател и страда со душевното страдање на својот пријател.

Уште пред пријателот да му се исповеда, тој го претекнува и ита во негова помош уште пред тој и да му побара помош и подготвено се предава и му помага ако е во опасност.

Пријателите на неговиот пријател се и негови пријатели.

Го брани својот пријател и се подложува на опасност заради него. Во неговото тело обитава душата на пријателот.

Тој е добар советник, секогаш го збоува она што е најдобро и се труди за честа и името на својот пријател.

Светињите на пријателот се и негови светињи.

Вистинскиот пријател е моќна заштита икој го нашол него, нашол ризница.

Пријателот е најголема среќа.

Добриот пријател е непроценлива вредност, подрагоцена од секакво богатство.
На неговата убавина нема рамна.

Пријателот и во несреќите и во радостите останува ист. Вистинскиот пријател ги фали вредностите што се достојни за пофалба и отворено го куди она што е за кудење.

Еврипид вели:

„Вистинските пријатели немаат ништо свое, туку имотот им е заеднички“.

Ништо не е подобро од вистински пријател.

Неговото советување делува посилно од секој лек на страдалната душа и напатеното срце на пријателот.

Неговите зборови се животен лек.

Добриот пријател може да има благодатно дејство и на душата и на телото на пријателот.

Добриот пријател прима на себе сè што му недостига на пријателот и го милува најмногу она што добро се прави, а оној кој греши, најмногу го исправува.

Пријателот станува разум, чувство и око за пријателот. Пријателот е олицетворение на добродетелта. Никој кој мрази не е пријател.

Григориј Богослов вели:

„Верниот пријател е богатство со душа, затворена градина и запечатен бунар, што се отвора во вистински час и од кој се црпи, а пријатели ги нарекувам добрите и убави и оние со кои сме соединети според добродетелта.“

&

Свети Нектариј Егински

&

Originalen post ...