Title : ИСПОВЕДТА – ДВЕРИ ЗА НАШЕТО ЗА НАШЕТ0 ВРАЌАЊЕ КОН ЦРКВАТА

ИСПОВЕДТА – ДВЕРИ ЗА НАШЕТО ЗА НАШЕТ0 ВРАЌАЊЕ КОН ЦРКВАТА

Example User · 2 months ago

Схиигумен Сава Псково-Печерски (1 дел)

ИСПОВЕДТА – ДВЕРИ ЗА НАШЕТО ЗА НАШЕТ0 ВРАЌАЊЕ КОН ЦРКВАТА

Подготовка зa исповед

Kora ќе почнеш да се подготвуваш за исповед, пред сѐ, испитај ја својата совест, погледни длабоко во своето срце. Погледни до која мерка е извалкано од гревови. Co Божја помош, потсети се на сите гревови кои си ги направил после последната исповед, a оној којшто се подготвува за монашки потстриг, се потсетува на своите гревови од седмогодишна возраст.

Провери се себеси: да не има во тебе недостаток на вера, надеж и љубов кон луѓето; да не има самоувереност, закоравеност, раздразливост, стомакоугодување, малодушност, роптање, униние и други гревови.

Доколку овој момент на покајание го оствариш co должно внимание, во тебе неизбежно ќе се појави и скрушеност на срцето, a ако нема скрушеност, тоа зборува за скаменета бесчувствителност, за мртовечко студенило, значи, за душа Koja e во опасност.

Bo тој случај, треба да ги читаш и да се присетуваш на Житијата на Светиите и нивните поуки. Тие себеси се сметале за најголеми грешници и co искрено убедување извикувале кон Господа:

“Никој на земјава од памтивек не згрешил како јас, бедниот и блуден”. Доколку се рамниш co нив и се огледуваш на нив, сигурно ќе се појави и кај тебе скрушеност на срцето, и ти ќе заплачеш над себеси.

Искреното покајание e почетен степен на светоста, a ладнокрвноста и рамнодушноста претставуваат оддалечување од светоста, умирање надвор од Бога.

Kora благодатта ќе го допре срцето и ќе го осветли co сета своја светлина, се покажува хаос во душата и тогаш искрено ги сознаваме своите гревови, чирови и душевни рани. Луѓето кои не се стремат кон благодат се натажени во гревовен мрак и не гледаат ништо во своите срца, a ако нешто гледаат, не се ужаснуваат, затоа што не се споредуваат co Светиите, туку co сличните на себе.

Провери се себеси и според Божјите заповеди: да не нарушуваш можеби некоја од нив, a исто така и според некои молитви (на пример 3-та вечерна и 4-та пред Причест).

Основни и второстепени гревови

Добро е ако умееш да ги разликуваш основните гревови од второстепените. Доколку не умееш, научи. Тоа e многу важно. Мораме да знаеме поради што треба највеќе да чувствуваме скрушеност и што да поправиме.

Еве, на пример, ако сме расеани на молитва, доколку во црквата не напаѓа дремеж и ако сме невнимателни, ако не нѐ интересира дури ни читањето на Светото Писмо, тоа се случува или поради маловерие и недостаток на љубов кон Бога или заради мрзливост и безгрижност.

Доколку во Црквата за време на богослужбата шетаме, разговараме и се туркаме, ако на миропомазанието, крстот и плаштаницата им приоѓаме без свештен страв, задржувајќи ги оние кои стојат зад нас, и ако се туркаме пред оние кои стојат пред нас, доколку чекајќи да земеме богојавленска водичка и водичка од мало осветување, на молебените не стоиме во ред, туку се туркаме, такаречено, преку туѓите глави, тоа значи дека во нас нема страв Божји и љубов кон ближните.

Доколку многу се грижиме за својата надворешност и уредувањето на домот, тоа значи дека сме суетни.

Доколку премногу ги примаме при срце неуспесите во секојдневниот живот, ако тешко поднесуваме разделување, неутешно плачеме по починатите, тоа говори дека не веруваме во Божјата промисла и така натаму.

Во нас има самооправдување, нетрпење на прекори, суетност, тврдоглавост, но уште поважно e да се увиди нивната врска co себељубието, самољубието, вообразеноста и гордоста и токму кон овие основни гревови треба да го свртиме целото свое внимание.

Постои добро средство кое нѐ доведува до познавање на сопствените гревови – треба да се сетиме за што нѐ обвинуваат луѓето, особено оние кои живеат покрај нас, ближните. Нивните обвинувања, прекори и напади, речиси секогаш се основани.

При испрашувањето на себеси, треба да внимаваме да не паднеме во претерана сомнителност кон секое движење на срцето.

Доколку тргнеме по тој пат, можеме да го изгубиме чувството за разликата помеѓу битното и небитното. Во тој случај, треба да го оставиме себеиспрашувањето и co молитва и добри дела да измолиме прошка и да ја просветлиме душата.

Подготовката за исповед не се состои само во тоа што e можно подетално да се присетиме, или дури и да ги запишеме своите гревови, туку, пред сѐ, во тоа искрено да станеме свесни за својата вина, па своето покајание да го доведеме до скрушеност на срцето, и доколку e можно, да пролиеме солзи на покајание.

Скрушеност на срцето

Да се познаваат своите гревови сѐ уште не значи дека се каеме за нив. Тагата за направените зли дела, плачот поради гревовите – еве што e најважно во делото на покајанието. A ако нема солзи? Што да се прави тогаш?

Не треба да се очајува! Во тој случај, сеедно треба да се каеме, каеме, каеме, па колку и да сме ладнокрвни и бесчувствителни, надевајќи се само на Божјата милост.

До ладнокрвност и бесчувствителност обично доаѓа кога во срцето нема Страв Божји, поради маловерие или скриено неверие.

Понекогаш човекот на исповедта крие дека не верува во животот по телесната смрт или дека се сомнева во неговото постоење, и поради тоа Господ го казнува co ладнокрвност. Господ како да му говори на човекот во душата:

“Ти не си Христијанин, ти си незнабожец. Стани свесен дека немаш вера, покај се и тогаш ќе те утешам, ќе ти ги простам гревовите и ќе ти испратам радост.”

Навистина, какви христијани сме ние, ако не веруваме во бесмртноста на душата?

Ако не веруваме дека вечно ќе го славиме Господа кога ќе не удостои co таква милост? Во тој случај, се губи целата смисла на верата во Бога, бидејќи има многу такви христијани незнабошци. Тешко нам! Провери се себеси, Д.!

Да не си и ти, можеби, таков незнабожец?

Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед, Книга деветта, Лесново, 2013

Source: https://pokajanie.mk/2020/05/09/27597/

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Мало повечерие и Акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свeти Никола“ во Перт (Западна Австралија)

На 16. 03. 2018, во петокот од четвтата седмица на Великиот пост, во предвечерието, во црковната општина „Свети Никола“ во Перт, старешината на храмот, протојереј Станко Јовановски служеше Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужението присуствуваше верниот народ, кој и принес...

Image Description
4 months ago

СВЕТИ 40 МАЧЕНИЦИ ВО СЕВАСТИЈА – ВЕЧЕРНА

СВЕТИ 40 МАЧЕНИЦИ ВО СЕВАСТИЈА ВЕЧЕРНА На Господи, повикав, стихири самогласни. Глас 2. (Од монах Јован). Трпејќи ги храбро сегашниве маки, радувајќи им се на очекуваните добра, светите маченици еден на друг си велеаː Зар ние не го отфрламе стариот човек кога ја соблекуваме облеката? Зимата е лута,...

Image Description
2 years ago

ПЛУКАМ НА ТАКВОТО ЗДРАВЈЕ! Старец Пајсиј (Демоните дури и да го лекуваат телото, го лекуваат за да ја умртват душата)

Така што, биди убеден брате, дека само Бог е вистинскиот лекар на душите и на телата, а маѓесниците и демоните не лекуваат вистински туку – навидум. Да претпоставиме дека по Божјо допуштение го лекуваат телото, но, знај дека го лекуваат со цел да ти ја умртват душата. Како? Со тоа што ќе те одделат...