Title : Јустин Ќелијски - Евангелието на жената Самарјанка

Јустин Ќелијски - Евангелието на жената Самарјанка

Example User · 3 years ago

Житија на Светиите - Септември

Во издание на црквата посветена на св.Григориј Палама и св. Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец септември во тврд повез.

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на: e-mail: pravoslavniknigi@gmail.com 
или: о. Боро Милчев, тел. 071-213-000

Повеќе...

 

Под вода жива Господ мислел на Духот Свет. И кога со неа го напоил светот, кога Светиот Дух слегол врз Апостолите, тогаш луѓето навистина започнале да пијат жива вода, вода која лечи од смртта, вода која секоја смрт ја изгонува, вода која дава бесмртност и живот вечен.

Почувствувала жената Самарјанка дека пред себе има еден Пророк, и возбудена и збунета таа Му одговара: „Знам, тоа што Ти го говориш нам ќе ни го објави Месијата, Спасителот, Кој треба да дојде во овој свет“. И Спасителот тогаш одговара: „Јас Сум, Кој говорам со тебе“. Внимавајте браќа, Господ ја кажува тајната на Својата Личност на жената блудница. Никому дотогаш не Се објавил и покажал Себеси на тој начин. „Јас Сум, Кој говорам со тебе“. Како тврдење, и необично, и страшно! Самарјанката Фотина почувствувала дека нешто големо се случува со неа и во неа. Потрчала во градот на луѓето да им ја јави таа вест. „Дојдете, видете Го Човекот Кој ми кажа сè што сум направила“. Да не е тоа Христос, да не е тоа Спасителот, да не дошол Тој во овој свет? И кога тие дојдоа, и самите почувствуваа Кого Го имаат пред себе. И Го моле да остане два дена со нив. И остана Тој два дена во разговор и беседа со ни. И кога ја заврши беседата со нив, тие ѝ рекоа на Самарјанката: „Сега веќе не веруваме од твоето кажување, оти сами чувме и знаеме дека е Он Спасителот на светот, Христос“.

Со тоа започнало Евангелието на жената Самарјанка. Што се случува со неа? Жена блудница… Таа, таа ги започнила овие чудесни зборови на Спасителот, и започнала да Го следи, поверувала во Него, оставила сè и станала Апостол, започнала да патува по светот и да Го проповеда Христа како Единствен Бог и Спасител на светот. Не само таа, туку и петте свои сестри ги обратила во Христа. Сите станале исповедници, сите станала Апостоли. И нејзините два сина, Виктор и Јосиј, ете ги новите Апостоли, новите Маченици за Христа. А таа, поранешна блудница, на чело на сите нив.

По молитвите на светата Фотина рамноапостолна, Господи Исусе Христе, помилуј и спаси нè!

фрагмент од беседата на Неделата на Самарјанката на преподобен Јустин Ќелијски

12.05.2017


Source: http://preminportal.mk/duhovnost-2/besedi-2/18848-justin-kjelijski-evangelieto-na-zhenata-samarjanka

Related Posts

Image Description
1 year ago

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

Image Description
1 year ago

Молитвена песна кон Бог – Воскресителот на мртвите!

Молитвена песна кон Бог – Воскресителот на мртвите Се израдував кога ми рекоа дека Господ ќе ни дојде и мртвите ќе ги воскресне, и дека ќе се исполни надежта на сите упокоени. Благословен нека е Оној што смртта ја направи непоткуплива, оти таа подеднакво ги прима и добрите и злите! Душата за која пр...

Image Description
8 months ago

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: „Како христијани сме повикани денес да бидеме сведоци Христови“

И ние, кои го носиме името христијани, кои живееме со верата на мачениците – сме сведоци за Христа. Некои, можеби, со право, ќе се запрашаат – па како можеме ние денес да сведочиме, и како можеме воопшто, да бидеме сведоци Христови? – Можеме! Можеме и треба да бидеме сведоци за Христа. Но, ова наше...