Писмо од Старецот Сампсон

Мило мое дете,

Се` повеќе и повеќе сакам да ти се покажам себеси. За да видиш и да почувствуваш дека сум твој духовник. Сепак, ти се` уште малку ме познаваш.

Но, ќе ме запознаеш. Не е случајно тоа што ме затвориле како многу верен ученик на Свети Теофан Затворник.

Желбата ми е во твојето бротче да ставам што повеќе богатства, кои никој не може да ги украде, ниту да дојде до нив. Мојата желба е тоа да ти го пружам, предадам, за да бидеш богата со несогледливо, огромно богатство.

Веќе си вознемирена заради страшниот ден кога ќе излезеш пред Господа, заради ужасот на митарствата., заради одговорите коишто ќе мораш да ги дадеш, за се` што било во твојот живот. Но, ова ти го кажувам за да запаметиш:

1. Плаши се само од тоа да бидеш несобрана, расеана, празна, вознемирена, несериозна.

2. Бој се од реткото причестување ( задолжително барем осум пати годишно).

three. Бој се од неподготвувањето за исповед и не се задоволувај со заедничата исповед, којашто е неправилна и не е света тајна.

four. Бој се да не останеш без она што е најдрага активност во животот, што е радост и потреба – без молитва.

5. Бој се од тоа да се молиш со механичко читање, наместо со умот и срцето.

6. Бој се да не ги занемаруваш секојдневното запишување на укорите на совеста; имај потреба за тоа, како што имаш потреба да си го миеш лицето, рацете, да се чешлаш.

7. Бој се од тоа да им се жалиш на луѓето за здравјето, неволјите, за она што се случило на работа и да не го пренебрегнуваш она што го рекле Светите Отци и Угодниците Божји и она што ти го наредил твојот духовник.

За никого, никогаш ништо лошо не зборувај, не осудувај, не суди.

eight. Бој се да не ја изгубиш радосната мисла дека животот без вечноста е апсурд, лага, обмана , глупост; случајно да не поверуваш дека Христос е мит, бајка, творба на нечија фантазија, туку да знаеш дека е Он единствената смисла на животот.

Спрема тоа, Богомајката е жива, не` гледа и слуша и дадена ни е нам како Застапничка. А илјадници угодници Божји се наши живи помошници.

Бог ти даде духовник, којшто ти покажал и ти говорел, и се` уште ти говори и ти покажува, како да ја чуваш сопствената совест, како да внимаваш на неа, како да ги запишуваш укорите на совеста и се` да изнесуваш пред него, дури и она што е срамно и непријатно да се зборува, зашто е глупаво тоа да се премолчи.

Твој баќушка Ј. С.

Превод Мина Даниловска

Повеќе ...