Title : Како ли го заслужив тоа Божјо чудо! (рубрика – Прашање до свештеникот)

Како ли го заслужив тоа Божјо чудо! (рубрика – Прашање до свештеникот)

Example User · 7 months ago

Добар ден!

Нека Св.Никола донесе смирение и благодат.

Имам едно прашање кое го пребарувам на google за светците и нивното појавување на верниците.

Одговор не најдов.

Да, ми се прикажа Светец односно Светица На сред бел ден – Св.Петка во новата црква во Кавадарци.

Ми прозборе.

Грешник сум, а од секогаш Верник.

Немам уште Покајание. Како ли го заслужив тоа Божјо чудо!

Ја видов целата во блескава Светлина лицето и сјјеше со посебна Светлина…

О Боже Мој, која ли заслугата што ми дозволи да ја видам Светицата! Никогаш не ме оставај биди со мене Секогаш и во вечни Векви Амин.

Ве молам за каков и да е одговор од почитуваниот отец Горан кој редовно го читам со одговорите.

&

Одговор – отец Горан

&

Св. Јосиф Спилеот нѐ советува од тоа ништо да не прифаќаме, туку да продолжиме со покајната молитва,

Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот/ата,

и воопшто да не се впуштаме во толкување на тие виденија.

Најдобро да си го восогласиме нашиот живот со литургискиот ритам, пост, молитва, исповед и причест.

Философ е оној што не верува во соништа и виденија вели, св. Јован Лествичник.

Source: https://pokajanie.mk/2019/12/20/25384/

Related Posts

Image Description
2 years ago

ТИШИНАТА НА ДУШАТА – СТОЕЊЕ ПРЕД БОГА! (“Пронајди ја вратата на внатрешната одаја од својата душа и ќе откриеш дека тоа се вратите од Царството Небесно”.

Кога доаѓаме да се молиме ние се надеваме дека ќе Го доживееме Бога како Некој, Кој е присутен, и дека нашата молитва ќе биде, ако не дијалог, барем говор кон Некого кој слуша. Општо, се плашиме да не го почуствуваме присуството и да не добиеме впечаток дека зборуваме во празно, дека никој не не’ с...

Image Description
2 years ago

КОГА МОЛИТВАТА НИ Е СУВОПАРНА ШТО ДА ПРАВИМЕ? (Антониј Блум за аскетската молитва)

АСКЕТСКА МОЛИТВА Кога сме во добро душевно расположение, додека срцето е полно co обожавање, грижа за другите, како што вели свети Лука: “од преполнето срце зборува устата негова”, тогаш нема проблем co молитвата; ние слободно My зборуваме на Бога co зборови кои ни се најблиски. Но, ако ја оставиме...

Image Description
3 weeks ago

Монашката населба „Свето Преображение“ во Зрзе

Културниот комплекс „Свето Преображение” се наоѓа на 35 километри северозападно од градот Прилеп и го опфаќа централниот дел на една заокружена биографска целост западно од селото Зрзе. Во средиштето на овој микрорегион е лоцирана бигорна карпа врз чија горна површина е изграден средновековен манас...