СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА ПОСТОТ?

„…Ако е важно да не ги согледуваме физичките услови на постот, тогаш е уште поважно да не го забележуваме неговото внатрешно значење.

Постот не е само прашање на диета. Тоа е прашање на моралот исто како и на физикусот.

Вистинското постење треба да биде сместено во срцето и волјата; тоа е враќање кон Бога, враќање кон дома како Блудниот Син во Татковата куќа.

Во зборовите на св. Јован Златоуст, се мисли на „апстиненција не само од храна, туку и од гревови.”

Тој смета дека „во постот не треба да се чуваме само од устата, туку и од окото, увото, нозете, рацете и од сите останати органи на телото”: окото мора да избегнува нечисти слики, увото злонамерни интриги, рацете дела неправедни.

Бескорисно е да постиме во јадењето, а да си допуштиме суров критицизам и клеветење:

„Ти не јадеш месо, но го проголта брата си”, вели св. Василиј.

Истиот принцип се сретнува и во Триодот, посебно во првата седмица од Великиот Пост.

Како што постиме во храната, да постиме и во секоја друга опсесија…

Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа,

А вистински пост е: бегање од злото,

воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите,

озборувањето, лагата, прекршување на дадено ветување.

Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен.

Да одржиме пост не само воздржувајќи се од храна,

Туку и од сите телесни страсти.

Внатрешното значење на постот најдобро е опишан во тројството на: молитвата, постот и милостивоста.

Разделени од молитвата и од примањето на Светите Тајни, невклопени во актите на сочувството, нашето постење станува фарисејско или дури и демонско. ..“

Originalen post ...