Co што може да се спореди семејството?

Да замислиме два камена, остри и цврсти. Додека не дојдат во допир сѐ е наизглед добро, бидејќи никој никого не допира.

Да ги ставиме во вреќа и да ги протресеме силно и долго. Можни се две варијанти на развој на настаните: или камењата ќе се избрусат и нема повеќе да се рануваат еден co друг, или нема да се ослободат од своите остри врвови и тогаш вреќата ќе се скине, а камењата ќе паднат од неа.

Вреќата е семејството: или сопружниците ќе се избрусат co помош на „ситни” самопожртвувања, или co злоба ќе се нападнат меѓу себе.

Огромен број на разводи се случуваат 2-3 години пo стапувањето во брак. Кога се разведува, човекот е убеден:

„Каква лоша жена (маж) ми се падна! A ми велеше дека ме сака! Како ли само ми падна на ум да се оженам co неа!”

Човекот не сфаќа дека сѐ уште и немало љубов, туку дека постоела само заљубеност. За љубовта требало уште да се бори.

Едноставно, никој од сопружниците не сакал да се ослободи од своите „остри агли”.

Човекот стапува во нов брак, a таму се продолжува истото што и во првиот. Тој co своите остри агли ја ранува својата нова сопруга, a таа, за возврат го ранува мажот co своите остри агли. Мажот наивно мисли дека пак добил лоша жена, не согледувајќи ги при тоа своите недостатоци.

Меѓутоа, нешто многу чудно се случува по 10-15 години.

Првобитното брусење во текот на првите 2-3 години не е максимум на единство што може да се роди, иако многу семејства остануваат токму на ова ниво.

Би сакал да не ја заборавите главната тајна на бракот и на љубовта: двајцата стануваат едно тело. Ако сопружниците co сета сила ги совладуваат сите искушенија и достојно го носат бремето на брачниот живот, по 10-15 години овие два камена се слеваат во еден, кој co никаква сила не може да се раздели.

Најпосле, и нешто за крај.

Штотуку дадов дефиниција за љубовта во која се вели дека љубовта треба да се негува 10-15 години. Секој од вас може да ме праша:

„А дали вие навистина сакате?”

Овде мора да признам: „Сопругата и јас сме во брак само 6 години. Според својата дефиниција не можам да се пофалам дека веќе ја достигнав совршената љубов во своето семејство”.

Еве уште една илустрација, co коja всушност и ќе го завршам денешниов разговор.

Кујна. Попадијата и jac седиме на маса, еден наспроти друг. Лажиците и вилушките ни стојат на соседната маса. За да си земам лажица треба да станам, да направам пет чекори и да се вратам.

За сопругата да ми даде лажица треба да стане, да направи еден чекор и да се врати. Мене ми е потребна мала лажичка. Секако, нема сам да си ja земам. Никако! Јас треба да направам десет чекори, а сопругата само два.

Ја замолувам да ми ja подаде лажичката, таа станува и оди да ја земе. Дури тогаш сфаќам дека попадијата е во деветиот месец од бременоста, дека во текот на денот се изморила co двете други деца, дека оваа бременост беше напорна и дека и’ е тешко дури и да стане од столот, додека јас, здрав и безгрижен, чекам да ми донесе лажичка.

Секако, co разумот сфатив дека постапив лошо и повеќе тоа нема да го правам.

Меѓутоа, ако бев достигнал совршенство во љубовта, јас едноставно постојано ќе ја чувствував нејзината болка, немаше само да бидам свесен за неа, туку ќе ја чувствував co сопственото тело и немаше ниту на ум да ми падне да ја замолам за нешто.

Пренесено од книгата “Света тајна брак” Поуки на Православната црква за бракот и семејството

Подготви Мина Даниловска

Повеќе ...