КАМЕНОТ Е ХРИСТОВОТО ИМЕ…

„Вашето прво движење, штом ќе се разбудите, нека биде крсниот знак,
а вашите први зборови – зборовите од Исусовата молитва.

Кога можете, кажувајте ја Исусовата молитва со бројаница, а кога сте зафатени со некоја работа, без неа.

Кога ќе ве нападнат помисли, не им се спротиставувајте сами, туку фрлете кон нив со камен.

А каменот е Христовото име, Исусовата молитва…

Отстранувањето на помислите не е во ваша моќ, но да не се прифаќаат – е:
отстрани ги со Исусовото име!

Ако молитвата понекогаш е невнимателна, расеана, не треба да се паѓа со духот.
За време на молитвата нашите усти се осветуваат со името на Господ Исус Христос.

Постојано бидете со Исусовата молитва:

„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“.

Исусовото име ги отфрла сите демонски напади. Тие не можат да ја победат силата на Христовото име.

Зашто и како се случува тоа, ние не знаеме, само знаеме дека тоа е така.”

– Преподобен Варсануфиј Оптински

Originalen post ...