Немојте да се плашите од ова што ви го напишав.

Целта е да се отрезниме од опијанетоста со овој свет, да се покаеме и да се подвизуваме во познание.

Ги знае Единствениот Човекољубец, Богочовекот Христос слабостите на нашата природа, знае дека попрво би земале отколку да даваме, знае дека нашиот живот е падни-стани, ги знае условите на суптилен прогон во коишто живееме и растеме како христијани.

Знае дека ни треба и одмор и забава и мир, итн. Ние пак веруваме во Неговата љубов и промисла за нашето постоење во ова време и на овој простор.

Веруваме, и знаеме веќе, колку голем дар Негов е тоа што сме православни.

Знаеме од опит колку многу ни дава за она малку што го добива од нас.

Ни треба само еден мал, но континуиран, колку што може, подвиг; после сите падови и повторни исправања, линијата на нашиот животен графикон сепак да покажува нагорно движење.

Ни треба, само, малку да одвоиме време и за Него.

Знаете што, деца,

во ова наше време, Господ Христос ми заличува на многу богат,  но осамен Човек, Кој и сега многу ни дава – како да ни е нешто должен,

но Кој за едно мало внимание е подготвен да возврати со огромен дел од Своето богатство;

и сè помалку го има тоа внимание.

(Митрополит Наум – Струмички – 2011)

Originalen post ...