Ве молам за одговор на прашање кое ми прави дилема: Колку време треба да се носи црнина за покојниот, бидејќи ми почина сопругот. После осум месеци мојата мајка па така продолжив да носам црнина. Мајка ми сега напорави година, а мојот сопруг две години. Дали да продолжам со носење црнина до третата година?
Благодарам и Господ со вас!

Одговор на отец Горан:

Светиот апостол Павле вели, браќа и сестри не сакам да не знаете за умрените, и да не жалите како и другите што немаат надеж.

Воскресението Христово е темел на нашата вера што е очекување и на нашето воскресение и животот во идниот век каде сите заедно ќе бидеме во Господа.

Затоа, тагата со надеж се преточува во радост заради Господ кој ја победи смртта.

Бојата на воскресението е светла, бела како на оние од Евангелието што ја објавуваат веста за Воскресението на жените мироносици.

Но се задржал обичајот за црнина иако нема христијанска основа.

И нема потреба да го продолжите носењето црнина, туку се очекува секој од нас да го продолжи покајанието, исповедта, постот и молитвата, по благослов и редовно причестување, за молитвата за нашите покојни и добрите дела за нив литургиски да ги продолжиме!

Повеќе ...