ЗДРАВО! Го замолувам отецот да ни даде одговор каков е ставот на православната црква во однос на користењето на хемотерапијата како метод за алтернативно лекување!

Одговор: Отец Горан Стојчевски:

Ова прашање е стручно-медицинско. Но, ако лекот може да е од корист и од помош, нема причина, а да не се обидеме да го користиме.

Сепак дали да се потпреме исклучиво на хомеопатијата или класичната фармакологија ќе треба да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.

Ставот на Православната Црква е, да бидеме во единство со Бога преку молитвата и постот и причестувањето со Телото и Крвта Христови на Литургијата.

И преку користењето на светите Тајни на Црквата, исповедта, молитвеното правило, постот и причестувањето да се грижиме поцелосно за нашето духовно исцеление и заедница со Бога, а телото треба да соработува во тој процес, некогаш и со лекови од кои имаме потреба.

Originalen post ...