ЉУБОВТА Е ОД МОЛИТВАТА

„..Значи, секој според сопствената волја да се качи на високата лествица на совршенството.

Со која добродетел човекот стигнува до совршенството и кои се добродетелите кај совршените?

Св. Григориј Палама вели:

„Молитвата како добродетел ја извршува тајната на нашето соединување со благиот Бог, бидејќи молитвата е врската помеѓу созданијата и Творецот, но соединувањето со Бога, односно совршенството се наоѓа во чистата молитва.

Таа е доказ за совршената љубов, но таа не е дело на човекот, туку доаѓа од Бога“.

Значи, совршената љубов кон Бога е темелот на совршените.

Меѓутоа, никој не ја достигнува таа љубов додека не постигне целосно чистење од страстите, односно додека не ја добие чистата молитва.

Тоа го тврди св. Максим Исповедник, кога вели: „Сите добродетели му помагаат на умот да стигне до Божјата љубов, но најмногу од сите – чистата молитва, затоа што преку неа, летајќи кон Бога, умот излегува од сето она што тој е“.

Молитвата многу му помага на човекот да ја добие љубовта кон Бога, а љубовта му помага да го добие совршенството.

Св. Исак Сирин, потврдувајќи дека преку молитвата човекот Го љуби Бога, вели:

„љубовта е од молитвата“.

Originalen post ...