– БОЈНОТО ПОЛЕ каде што единствено може да се победи КОСМИЧКОТО ЗЛО Е СРЦЕТО

Коренот на гревот е во мистичната длабочина на духовната природа на човекот.

Суштината на гревот не е во нарушувањето на етичките норми, туку во отстапувањето од вечниот Божествен живот, за кој е создаден човекот и на кој е, по својата природа, повикан.

Гревот, пред сѐ, се извршува во тајните длабочини на човековиот дух, а неговите последици го погодуваат целиот човек.

Направениот грев се одразува и на душевната и на физичката состојба на човекот, на неговата надворешност, на целиот негов понатамошен живот.

Гревот неминовно ги преминува границите на неговиот индивидуален живот и го оптеретува со зло животот на целото човештво.

Според тоа, тој ќе се одрази и на животот на целиот свет.

Не само гревот на прататкото Адам имаше последици од космичко значење, туку секој грев, на секого од нас, било тој јавен или таен, се одразува на состојбата на целиот свет…“

Свети Силуан Атонски

Originalen post ...