Title : Митрополит Струмички Наум - Избор (11.12.2016 )

Митрополит Струмички Наум - Избор (11.12.2016 )

Example User · 3 years ago

Богочовекот Исус Христос ги победи ѓаволот, гревот и смртта – и тоа ги победи за нас, и наместо нас, и го обезбеди нашето вечно благобитие. Ѓаволот, неговите демони, неговиот слуга – антихристот, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме дали ќе учествуваме во победата на Богочовекот или во поразот на ѓаволот, и никакви други победи или порази не постојат на овој свет, и никаков друг суштински избор немаме. И секој избор на ова се сведува.


Значи, или ќе бидеме со Христос и Неговата Црква или со ѓаволот и со двете подеднакво опасни групи луѓе со кои тој раководи – онаа, навидум побожната, што Го предаде исто како Јуда, и онаа што Го осуди и распна. За жал, и многу христијани, поради потпирањето  (свесно или несвесно) на сигурноста од овој свет се определуваат за припадност на една од овие две световни групи и се одрекуваат од Богочовекот Христос. Отпаѓањето од Богочовекот Христос ги внесува сите нив во светот на гревот и илузијата.Ѓаволот, полека но сигурно, го гради апокалиптичниот свет на илузијата. За таа цел најчесто ги користи таканаречените јавни личности или селебрити, како медиуми или преносители на неговата илузија, на пример: првосвештениците, филмските, музичките или спортските ѕвезди, политичарите, големите бизнисмени итн. – кои станаа урнек според кој целиот свет се раководи. Колку поголема слава или позиција има јавната личност во овој свет, толку е поголема веројатноста демонот да ја користи како свој медиум.Улогата на медиумот е да дејствува директно на страстите (славољубие, среброљубие и сластољубие), да ги разбуди страстите, да нѐ убеди да ги задоволиме и од нашиот живот да направи што поголема илузија. Состојбата на илузија, пак, од своја страна, уште повеќе ги буди страстите во човекот и затоа е така лесно приемчива и општоприфатена од безличните маси. Целиот свет живее во помала или поголема мера на илузија. Вистината е тесниот пат на трезвеноумието, по кој малкумина врват.


Клучно, за нас христијаните, е дека секој што нема да го восогласи својот живот со степенот од духовниот развој на кој се наоѓа, како и со местото и улогата што ги има во Црквата, отстапува од Божјата благодат и како таков многу лесно паѓа во грев, а со тоа и во илузија, и станува медиум на демонот – кој преку него делува и внатре во Црквата.


Три посебно опасни илузии имаат прифатено христијаните, во текот на својата историјата, кои суштински ги одделуваат од Вистината, од Црквата: поистоветувањето со државата, поистоветувањето со нацијата и поистоветувањето со политичките партии – наместо да задржат само пастирски пристап кон наведените општествени феномени. Едно е поистоветувањето, а суштински друго е пастирскиот пристап. Пастирскиот пристап не ги негира посочените општествени феномени, туку ги исправа и исцелува нивните девијации, а поистоветувањето е прифаќање и учество во нивните девијации и е голем грев.


Нашиот проблем е што за разбивање на илузијата мора да се појави Вистината, односно носител на Вистината, односно личност – партиципиент во Вистината, која со својата појава во сила ја разбива илузијата и носи трезвеност и покајание меѓу луѓето, а таквите се реткост. Но, таму каде што ќе се појави Вистината, илузијата исчезнува како темнината од светлината, се случува духовното прогледување, како и можност за здобивање со плодовите на Светиот Дух, а тие се: „љубовта [и кон непријателите], радоста, мирот, трпението, добрината, милоста, верата, кротоста, воздржливоста...“ (Гал. 5, 22–23), како и единството и заемното помагање. Ги препознаваме ли овие плодови во себе денес, во овој момент?

Господи Исусе Христе, заради Богородица, и по молитвите на светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици – кои Тебе Те избраа, помилуј нѐ!


Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА

Source: http://preminportal.mk/duhovnost-2/besedi-2/18340-mitropolit-strumichki-naum-izbor-11-12-2016

Related Posts

Image Description
2 years ago

Од дневникот на еден свештеник – психолог

Бесмртноста – одмор или служење? Бесмртноста не е одмор, туку делателност [работа, активност]. Човекот е устремен или кон одморот (кон детството), или кон бесмртноста (кон делателноста без крај). Работа со Бога и во Бога. Во Бога за човекот нема одмор. Светиите – тие се трудбеници во Христа. + +...

Image Description
2 years ago

Христовата заповед за љубов кон непријателите

Денес Христос во Евангелието ни кажува за љубовта кон непријателите. Господ Исус Христос прв на земјата ја проповедал љубовта кон непријателите. Вели дека тоа е главниот знак дека сме Христови. Ние пак, сакаме да се нарекуваме христијани, а оваа заповед ја сметаме превисока, недостижна, па дури и не...

Image Description
3 years ago

Последици од абортусот

претходно: прв дел | втор дел | трет дел Абортусот или прекинувањето на бременоста е кратка интервенција која кај жените остава трајни последици. Компликациите зависат од многу фактори, како што […]