Митрополит Струмички Наум Отсекување на главата на свети Јован Крстител (10.09.2022 15:45)

Example User · 2 weeks ago

    5 minutes, 55 seconds


0tsekuvanj.glavata


Митрополит Струмички Наум
Отсекување на главата на свети Јован Крстител
(10.09.2022 15:45)

0tsekuvanj.glavata4

(Убиец на покајанието)

            Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!“ (Матеј 3, 2). Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не ја доживеал совршено.

Во денешното евангелско четиво (види: Марко 6, 14–30) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до развратеност, душевна сила, која преку покајание (преумување) треба да се преобрази во добродетел. Главна човекова страст е самољубието, која треба да ја преобразиме во Богољубие и човекољубие.

            Во Ирод четворовласникот го препознаваме самољубието во сите три негови пројави или потстрасти: сластољубие (желба за телесни задоволства), среброљубие (желба за пари и имот) и славољубие (желба за овоземна власт и слава). Кај преподобен Јован Лествичник читаме дека човечките страсти често се судираат една со друга, односно една страст во соодветен момент ја потиснува другата. Така, и кај царот Ирод гледаме дека овие три страсти во исто време немаат ист интензитет и сила, и гледаме како посилната страст ја потиснува послабата.

            Имено, во моментот кога ќерката на Иродијада игра и со својот танц го задоволува неговото сластољубие, Ирод е подготвен да ѝ даде што и да посака, па дури и до половина од царството што му припаѓа: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“ И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство“.

Значи, сластољубието во тој момент го потиснало среброљубието во него. Освен тоа, гледаме дека токму поради своето сластољубие Ирод го држи во затвор свети Јован, зашто овој го прекорувал дека не смее да ја земе жената на брат му: „Зашто сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филип, оти се ожени со неа. Бидејќи Јован му велеше на Ирод: ’Не ти е дозволено да ја водиш жената на твојот брат!‘“

И покрај сè, ниту сластољубието, ниту некакво среброљубие, го принудиле да го убие свети Јован, туку само да го држи затворен, иако и понатаму се плашел од него, па дури имал потреба да го слуша и што говори: „Оти Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет, и го пазеше; многу работи вршеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше“.  

            Но, откако царот Ирод ѝ вети на девојката и ѝ го даде својот збор дека ќе ѝ даде сè што ќе посака, дури и половина од своето царство, таа, поучена од мајка си, ја бара главата на свети Јован Крстител: „И одеднаш, кога влезе при царот со брзина, помоли, говорејќи: ’Сакам уште сега да ми ја дадеш на табла главата на Јован Крстител!‘“  

Иако се сневесели поради тоа, сепак, гледаме дека неговото славољубие не му дозволува да го повлече зборот што го дал пред гостите: „Царот се загрижи, но поради клетвата и гостите свои нејќеше да откаже. И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова. А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си. Учениците, пак, негови, кога разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа“.

Очигледно, најмногу од сè Ирод држи до својот збор, до своето јас, до својата гордост и високото мислење за самиот себе. Значи, неговото славољубие и гордост го убиваат свети Јован Крстител, односно конечно ја убиваат и можноста за покајанието во него самиот. Очигледно, никој не може да му наштети на човек толку колку што тој може на самиот себе.

            Слично нему, и ние со своето среброљубие и сластољубие му штетиме на покајанието, но на тој начин што го држиме затворено и загушено некаде во нас. Но, со нашиот славољубив и горд ум го убиваме покајанието, кое ни е дадено како најголем дар во Христос Богочовекот, во Црквата.

Својство на гордоста е да го прави нашиот ум критериум на сè видливо и невидливо. Тоа се случува кога за сето она што човек го гледа, го слуша, чита, го чувствува, допира, за сето она што размислува, па дури и за сето она што му го открива верата, ако за сето тоа, велам, човек како критериум го има само и само својот паднат ум и никој и ништо друго. Како тој ќе го прими сето тоа, како тој ќе го сфати, како тој ќе си одлучи и заклучи – тоа е така и никако поинаку. Во тоа се состои основната пројава на гордоста на умот.

Но, гордоста може да се пројави и како високо мислење за самите себе и како безобразна борба за човечка власт и слава (славољубие), а тоа, пак, многу зависи од околностите во кои се наоѓаме. Малку повисока позиција на власт да имаме, малку нешто повеќе да имаме, или да сме понадарени од другите – еве ти ја гордоста и во нејзините демонски димензии.

            И да заклучиме – најсилната страст што го убива покајанието во нас е славољубието,  гордоста на умот; посебно ако е поврзано со позиција на власт и со богатство. Ние, пак, наместо да ја преобразиме таа страст во смирение, продолжуваме да ја негуваме. А како ја негуваме? Па, сакаме секаде да сме први, сакаме сите да нè фалат, да нè слават и да нè сакаат – исто како што се однесувале и лажните пророци.

Луѓето што нè навредуваат и повредуваат, кои Бог ни ги допушта во нашиот живот за да ни помогне да видиме која е најсилната страст од која треба да го очистиме нашето срце – луѓе кои се, всушност, дар Божји за нас – ги мразиме, им злопамтиме и им враќаме со зло за „зло“. Со тоа ги отфрламе дарот Божји и Божјата промисла за наше преобразување и спасение.

На крај, Бог се чуди што да ни прави!? Ако не ни допушти човек што нѐ повредува, ќе си останеме заробени од страста дури и не знаејќи од што ни е извалкано срцето. Ако допушти човек да нѐ повреди, ние наместо да се смириме, да видиме што носиме во своето срце и да се покаеме, го отфрламе дарот Божји и сѐ повеќе се оддалечуваме од Бог. Таквото наше однесување значи само хранење и развивање на страста славољубие, до самите нејзини демонски димензии.

Убава можност имаме денес, на овој празник, да се запрашаме самите себеси: Дали сме носители на дарот на умно-срдечната молитва, односно дали нашиот ум може молитвено да престојува во нашето срце онолку колку што сакаме, т.е. дали сме се преумиле? Со други зборови,  дали сме носители на есхатолошкото, царско, новозаветно, внатрешно и единственото вечно свештенство? Очигледно, не сме. Што е, тогаш, причината?

Заробеноста на нашето срце од бесловесните страсти. И знаеме убаво дека, пред сè, тоа е бесловесната страст на славољубието, на високото мислење за самите себе; или, во најмала рака, фактот дека нашиот ум и разум го поставуваме за критериум на сè – она што, од наше ниво на духовен развој и со светлината на умот што ја имаме, ќе го заклучиме дека е така, тоа е за нас така и никако поинаку.

Арно ама, ако не е така, не се запрашуваме за последиците од погрешниот заклучок по нашиот духовен развој. Во најдобар случај, еден ден ќе ги освестиме тие последици како затвореност на срцето за молитва на умот внатре во него.

Затоа секогаш нагласувам, а и таков е воспоставениот ред од Светите отци во Црквата, нашиот ум, откако ќе станеме членови на Црквата, најнапред да помине низ процес на исцеление преку негово ставање во послушание, т.е. преумување, т.е. покајание.

Гласот на Пророкот никој не успеал да го замолкне никогаш. Зборовите на свети Јован – „покајте се“ ќе одекнуваат до крајот на светот и веков во срцата на христијаните, преку нивната жива совест, која е Божји печат во секој човек.

0tsekuvanj.glavata1

            Свети Јоване Претечо, Крстителу Христов, проповеднику на покајанието и автентичен носителу на новозаветното, царско и есхатолошко свештенство, моли Го Бог да ни дарува делотворно покајание...!

Митрополит Струмички Наум

 
    
  

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/25244-10-09-2022-15-45

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

БEСEДА а тoа какo Бoжјата љубoв сe излива вo чoвeчкитe срца (06.02.2022)

Љубoвта Бoжја сe излeа вo нашитe срца прeку Духoт Свeти, Кoј ни бeшe дадeн (Рим. 5:5). Љубoвта e радoст и таа сo радoст гo пoмажува чoвeкoвoтo срцe. Љубoвта, браќа, e сила и таа сo сила гo пoмажува срцeтo чoвeкoвo. Љубoвта e мир и таа сo мир гo пoмажува  чoвeкoвoтo срцe. А oд радoст...

Image Description
2 years ago

Рождество Христово – Божик

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК  „Мудреците… штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна“ (Матеј 2: 11)  ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Денешниот...

Image Description
2 years ago

Се повредуваме еден со друг, пред се, заради нашата гордост и самољубие (Отец Гаврил Галев)

Вистина, ако не ги простиме грешките и долговите на нашите ближни, ниту Бог нас нема да ни ги прости. Во суштина, сите сме должници на нашиот Бог, Создател и Спасител, Кој е наш Господар, и ние сме Негови. Сите згрешивме и сеуште грешиме, пребиваме во своите гревови, и тешко ни е да се исправиме. То...