Title : МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЗА НЕЈЗИНА ПОМОШ И ПОСРЕДНИШТВО!

МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЗА НЕЈЗИНА ПОМОШ И ПОСРЕДНИШТВО!

Example User · 7 months ago

МОЛИТВА НА СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЗА НЕЈЗИНА ПОМОШ И ПОСРЕДНИШТВО

Една од молитвите на свети Ефрем Сирин за Нејзина помош и посредништво теолошки сумира:

&

“Јас бедниот и заблудениот се фрлам во правта пред неискажливото Твое милосрдие, Пренепорочна Владичице. Оти немам друга надеж, немам друго прибежиште освен Тебе, единствена моја утехо, единствена заштитничке – Тебе,

радување на мојата душа, избавување од тагите,

откупување од ропството, обожение на смртните, наше очистување и прибежиште,

преродување на паднатите, обновување на мојата душа и на телото,

искупување на гревовите мои, од Бога излиено оросување на моето пресушено срце,

светлозарен светилнику на мојата помрачена душа, покривање на мојата голотија,

прекинување на моите ридања, промено на мојата судбина.

&

Во Тебе e сета моја надеж, co Тебе се фалам;

не лишувај нѐ од твоето посредување, но секогаш помагај,

закрилувај нѐ и не нѐ оставај!

Твоите молби пријатни My ce на Единородниот Твој Син, оти Оној Кој благоизволи да земе на Себе образ на слуга, има изобилие на милост кон Тебе, Која си My послужила, раѓајќи Го на неискажлив начин.

Тој се радува на Твоите посредништва, и сметајќи ја Твојата слава за Своја сопствена, Тој co задоволство ни излегува во пресрет…

Co Твоите молитви орасположи Го кон мене Твојот Син и Бог, и удостој ме co небесното Царство да Го фалам и благословувам Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови.

Амин.

Source: https://pokajanie.mk/2020/01/03/molitva-na-sveti-efrem-sirin-za-nejzina-pomosh-i-posrednishtvo/

Related Posts

Image Description
2 years ago

САМО ПРОСЕЛ МИЛОСТ И ЈА ДОБИЛ – (Св. Филарет Московски)

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски Кратка, јасна и поучна е параболата на Спасителот за тоа како двајца јудејци влегле во храмот да се помолат: едниот фарисеј, другиот – митар. Фарисејот застанал напред во храмот и се молел вака: “Боже, Ти благодарам што не сум како другите л...

Image Description
2 years ago

Четврта недела по Педесетница

"Четврта недела по Педесетница"На 24.06.2018 година, во Четвртата недела по Педесетница, кога Црквата го прославува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во манастирот на Св. Гаврил Лесновски во с. Лесново, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф...

Image Description
3 weeks ago

старица Гаврилија: Љубовта и смирението одат заедно (06.03.2016)

  Љубовта и смирението одат заедно. Кога сакаш еден човек не можеш да бидеш себичен. Земи ги, на пример, детето и мајката. Братот и сестрата. Таткото и мајката. Се сеќавам, кога бев дете со мајка ми, која ја сакав премногу, и со татко ми, кој беше толку добар, не се осмелував да имам моја волја...