МОЛИТВА ЗА ПОЧИНАТИ РОДИТЕЛИ

Господи Исусе, Боже наш, Ти си пазител на сираците, засолниште на неволните и
утешител на оние кои плачат.

Јас, сирак прибегнувам при Тебе, стенкам и плачам и Ти се молам:

Послушај ја мојата молба и не одвраќај го лицето од воздишките на моето срце и од солзите на моите очи. Ти се молам, милостив Господи, намали ја тагата поради разделбата co мојот родител (името).

Неговата (нејзината) почината душа co вистинска вера во Тебе и co цврста надеж на Твоето човекољубие и милост, прими ja во Твоето небеско Царство. Се приклонувам пред Твојата света волја и Те молам да не ја отстраниш од него Твојата милост и добросрдечност.

Знам, Господи, дека Ти, Судијата на целиот свет, гревовите и неделата од родителите ги накажуваш врз децата, но и дека ги помилуваш родителите поради молитвите и добродетелите на нивните чеда.

Co скрушеност и умилност Ти се молам, милостив Судијо, не казнувај го co вечна казна Твојот служител (служителка), мој татко (мајка) и прости му (и’) ги сите гревови намерни и ненамерни што ги сторил-а co збор, дело, свесно или несвесно во овој живот, co Твоето милосрдие, поради молитвите на Пречистата Богородица и на сите светии, помилувај го (ја) и избави го (ја) од вечните маки.

Ти, милосрден Отче на родителите и чедата, дај ми во сите дни на мојот живот сѐ до мојата последна воздишка да не престанам да го (ја) спомнувам во молитвите мојот починат татко (мојата почината мајка), и да Те молам, праведен Судијо, да го (ја) населиш во место светло, место злачно, цветно и спокојно, co сите светии, каде што нема болест, ниту тага, ни воздишка.

Прими ja денес, Господи, оваа топла молитва за покојниот (покојната) поради неговиот (нејзиниот) труд и грижи за моето воспитување во верата и христијанското благочестие, зашто тој (таа) ме научи побожно да Ти се молам, само на Тебе да се надевам во неволјите, тагите и болестите и да ги пазам Твоите заповеди.

За сите добри работи што тој (таа) ги испросил-а од Тебе, возврати му (и’) co Својата милост, co Своите небески блaга и радостите во Твоето вечно Царство.

Зашто Ти си Бог на милостите, добрините и човекољубието, Ти Си упокоение и радост на Твоите верни раби, и Тебе Те прославуваме co Отецот и Светиот Дух, и сега и секогаш, и во сите векови.

Амин!

Originalen post ...