МОЛИТВА ЗА ПОЧИНАТИТЕ ЧЕДА

Господи Исусе Христе, Боже наш, Владико на животот и смртта, Утешителу на неволните, co скрушено и смирено срце прибегнувам при Тебе и Ти се молам:

Спомни го, Господи во Твоето Царство Твојот починат служител (служителка), моето чедо (името), и направи го неговиот спомен вечен.

Ти, Владико на животот и смртта, Си ми го дал тоа чедо, и според Твојата блага и премудра волја било угодно и да ми го земеш.

Да биде благословено Твоето име, Господи!

Ти се молам, Судијо на небесата и на земјата, според Твојата бескрајна љубов кон нас грешните, прости му ги на починатиот служител (служителка), моето чедо, сите гревови направени co умисла или без умисла, co дело, свесно или несвесно.

Господи, прости ни ги и нашите родителски согрешенија, тие да не се пренесуваат на нашите чеда.

Знам дека многу згрешивме пред Тебе.

Многупати не го запазивме, ниту го направивме тоа што си ни го заповедал. Ако нашето починато чедо, по наша или no сопствена вина, повеќе му служеше на светот и на телото, a не на Тебе, Господа и Бога, Ти се молам, преблаг Отче, прости му ги и ослаби ги таквите прегрешенија, или некое друго лошо што направил во овој живот.

Христе Исусе, Ти си ја воскреснал ќерката на Јаира според верата на татко и’, Ти си ја исцелил ќерката на хананејката според верата и прозбата на мајка и’, послушај ja и мојава молба:

He презирај ја молбава за моето чедо. Прости му ги Господи, сите негови согрешенија и очисти му ја душата, избави ja од вечните маки и насели јa co сите Твои светии, коишто од века Ти угодиле, таму кај што нема ни болест, ни тага, ни воздишки, туку e бескрајниот живот.

Зашто нема човек којшто поживеал, a не згрешил, само Ти единствениот си без грев, та кога ќе го судиш светот, моето чедо да го чуе Твојот сладок глас:

„Дојдете вие, благословени од мојот Отец и наследете го Царството подготвено за вас од почетокот на светот”.

&

Зашто Ти си Отец на добрини и милости, Ти си нашиот живот и нашето воскресение и Те прославуваме co Отецот и Светиот Дух, и сега и секогаш, и во сите векови. Амин!

Originalen post ...