НАЦИЈАТА ИЛИ ХРИСТОС?

Example Super-Admin User · 1 week ago

    2 minutes, 3 seconds


TVIT90

НАЦИЈАТА ИЛИ ХРИСТОС?

На денот кога Православната црква го одбележува споменот на Свети Марко Ефески, секако се сеќаваме на неговата бескомпромисна позиција во однос на соединувањето со Римокатоличката црква. Се сеќаваме дека на Фирентинскиот собор, кој се одржа во Ферара и Фиренца во 1438-1445 година, Свети Марко одби да ја потпише согласноста со која се потврдува дека зад догматските новитети на Римокатоличката црква стои авторитетот на Светото Писмо и Светото Предание. Денес неговата позиција се смета за сосема природна и очигледна. Освен тоа, многу православни христијани се убедени дека тој едноставно не можел да постапи поинаку.

TVIT91
            Но, излегува дека тоа не е баш така. Тој можел да се оправда со „придобивка“ за Црквата, со „потребата“ на државата и со „потребата“ на народот. Бидејќи во тоа време прашањето за признавањето на католичките догми било директно поврзано со давање воена помош за Византиската империја од страна на Римските папи. Со други зборови, на едната страна на вагата биле интересите на нацијата, а на другата – правдата на Црквата. Свети Марко Ефески го избрал второто.
             Денес често слушаме обвинувања на адреса на Црквата дека нејзиниот живот ни најмалку не влијае на политичките процеси. Не обвинуваат за многу работи. Но, сите овие обвинувања се неосновани. Не затоа што Црквата учествува на некаков начин во политичките процеси, туку затоа што таа има сосема други задачи. Овие задачи се јасно формулирани во Евангелието и не подлежат на исправка или промена: „ Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде.“. Ние, кои веруваме сме повикани да бидеме граѓани на небото, повикани сме да влеземе во Царството Небесно, а не да се бориме за земното царство. За жал, ние премногу често го забораваме ова и наместо да се стремиме кон „Татковите прегратки“, се трудиме да создадеме рај на земјата...

TVIT89
             „Моето царство не е од овој свет“, вели Христос. Тоа значи дека ниту националните, ниту државните, ниту други интереси не можат да стојат повисоко од она што го кажал Спасителот. „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“, кое е „внатре во вас“. Токму тој императив треба да ги води нашите животи и сите наши активности. Ништо друго, ништо „повеќе“ од ова не им треба на оние кои веруваат во Христа.
Свети Марко Ефески јасно го сознал токму тоа. Неговиот живот и неговиот подвиг се обид да се исполни евангелскиот повик за промена на умот (покајание), без кој не е можно да се стекне непроценливото сокровиште - Царството Небесно.



Автор: Архиепископ Баришевски Виктор (Коцаба)
/  Извор: blogs.korrespondent.net
За Преминпортал Симеон Стефковски

TVIT92

 20 јануари 2023 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25634-nacijata-ili-hristos

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

За Божјиот печат и знакот на ѕверот

Монах Пимен Влад, од романскиот скит Лаку Кога ќе дојде антихристот и ќе посака да ти стави печат, тој нема да посака просто да ти стави еден печат, за да можеш да продаваш и да купуваш, туку ќе посака да го заземе местото на Христос во твојот живот, за да биде тој на местото на Христос. Не...

Image Description
1 month ago

МИРОТВОРЕЦОТ КОЈ Е ПРИМЕР ЗА НАС

МИРОТВОРЕЦОТ КОЈ Е ПРИМЕР ЗА НАССвети Никола е човек на мирот. Не на политички или географски мир, туку на духовен мир. Со други зборови, тој не е жител на светот, туку на Небесата.           Читајќи го неговото житие, не е тешко да се забележи дека...

Image Description
2 years ago

Амин! (Александар Шмеман)

Така се вративме таму од каде што почнавме, од каде што почнува самата Евхаристија, на благословувањето на царството Божјо. Што значи тоа да се благослови Царството? Тоа значи дека го признаваме и го исповедаме како наша највисока и крајна вредност, предмет на нашата желба, на нашата љубов и надеж,...