Срамно е и грев е кога човек што нема вистинска љубов и вистинско покајание упорно тврди дека православните ќе се спасат, а другите ќе бидат осудени.

Не можеме да кажуваме и да заклучуваме такви работи (дали некој ќе биде спасен или осуден), не само за здрав човек, туку и за оној што е болен и умира.

Господ вели:

„Ако видете дека некој е на смртна постела, не судете му, зашто не знаете како ќе му биде судено“.

Гревот е едно, а пеколот нешто друго. Не станува збор за иста работа.

Исто така, спасението е едно, а небото (или Царството Небесно) нешто друго. Не е исто.

Треба цврсто да веруваме дека без крштение, оној што не се облекол во Христовата светлина нема да го види Царството Божјо.

Нам (православните) ни е дадено повеќе и затоа од нас ќе се бара повеќе.

Има една изрека кај светите Отци:

„Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото:

прво, дека е на небото;

второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види,

и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму“.

преподобен Гаврил Ургебадзе

Повеќе ...