ПОУКА НА ДЕНОТ

Некогаш живееле двајца пријатели.

&

Во еден момент тие се расправале и едниот му удрил шлаканица на другиот. Вториот чувствувајќи болка, но без да каже нешто, на песокот напишал:

“Денес, мојот најдобар пријател ми удри шлаканица”.

Тие продолжиле да шетаат и нашле една оаза во која решиле да се искапат.

Тој што добил шлаканица, скоро ќе се удавел, но, неговиот пријател го спасил. Кога си дошол при себе, на камен напишал:

„Денес, мојот најдобар пријател ми го спаси животот”.

Toј што му удрил шлаканица и му го спасил животот на својот пријател, го запрашал:

– Кога те навредив, ти напиша на песокот, а сега пишуваш на каменот. Зошто?

Пријателот одговорил:

„Кога некој нè навредува, ние мора тоа да го напишеме на песок за да можат ветровите да го избришат“.

Но, кога некој ќе направи нешто добро, ние мора да го гравираме на камен за да не може да го избрише ветерот.

Научете се навредите да ги пишувате на песокот, а радостите да ги гравирате на камен!

Originalen post ...