…Конечно, белезите на Христовото тело се предизвикани од човековиот грев. Ако треба да се одбере символ за гревот, најдобар избор би бил клинецот.

Секој грев е клинец што се забива во телото Исусово. Најдобрата определба на гревот е дека тој не е само прекршување на Божјите заповеди, туку повеќе од тоа, ранување на Божјото срце.

Имало еден војник кој бил со окупационите сили во Германија, далеку од својот дом и од своите возљубени.

Една вечер се шетал по една германска улица, каде што една од ретките несрушени згради била на еден бордел, со врата украсена со сугестивни фотографии.

Бил во големо искушение.

Посегнал во џебот по банкнота. Кога ја одвиткувал, погледот му паднал на икончето со распнатиот Христос, што секогаш го носел со себе.

Ги видел белезите на рацете на нашиот Господ. Помислил на клинците што неговиот грев би ги забил во неговите раце.

Тогаш, без оклевање, си отишол од искушението, велејќи си:

„Не можам да Му згрешам. Ги заборавив белезите“!

Извадок од книгата на Ентони М. Конијарис, „Скапоцености од неделните Евангелија на Православната Црква“

Повеќе ...