НЕ СЕ ПРЕПУШТАЈ НА ИЛУЗИОНИСТОТ…!

Прави сѐ што е спротивно од она на што те наговара непријателот:

тој нѐ наговара да ги мразиме оние кои нѐ навредиле,
но ти сакај ги!

Благословувај ги оние кои те клеветат, a оние кои земаат од твоето немој да ги тужиш, но самиот подај им.

Kora сакаш да се смееш плачи, a кога те обзема мака, труди се да се развеселиш.

Kora ќе те обземе завист, радувај се на туѓата благосостојба.

Kora ќе те нападне желба за противречење и непокорност, ти без одложување покори се и согласи се co другиот.

Kora ќе те нападнат блудни мисли, ревнувај за чистота на срцето и помисли на возвишеното достоинство на христијанинот, обожен во Исус Христос, помисли на тоа дека нашите членови – се членови Христови.

Kora ќе те нападне гордост, смирувај се, кога ќе те нападне злоба, биди посебно добар.

Kora ќе те нападне раздразливост, сочувај го спокојството, a кога ќе те нападне скржавоста, биди великодушен.

Kora пак ќе те нападне расеаност, без одложување затвори ги твоите сетила за сѐ надворешно и размислувај за единственото што e потребно.

Kora ќе те нападне сомнеж, маловерие и неверие, повикај во помош особено силна вера, сети се на примерите за силна вера или на верници од Стариот и Новиот Завет, сети се на чудата извршени co вера, или нешто слично.

Така постапувај и не му се препуштај на непријателот, илузионистот, бидејќи овие страсти, пристрасности и апетити – се негова фантазија.

Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” Св. Јован Кронштадски

Originalen post ...