Title : Недела на раслабениот! (Свето евангелие според светиот апостол Јован 5:1-15)

Недела на раслабениот! (Свето евангелие според светиот апостол Јован 5:1-15)

Example Admin User · 3 months ago

Недела на раслабениот

Свето евангелие според светиот апостол Јован

5:1-15

1. Потоа беше празник јудејски, и се искачи Исус во Ерусалим.

2. А во Ерусалим, при Овчата порта, има бања, по еврејски наречена Витезда, со пет тремови.

3. Во нив лежеа мнозина болни, слепи, хроми, суви, кои очекуваа да се раздвижи водата,

4. зашто одвреме навреме во бањата слегуваше ангел Господов и ја раздвижуваше водата; и кој прв ќе влезеше по раздвижувањето на водата, оздравуваше од каква и да било болест да боледуваше.

5. Имаше таму и еден човек, кој боледувал триесет и осум години.

6. Исус, кога го виде како лежи и штом узна дека од многу години боледува, му рече: „Сакаш ли да оздравиш?”

7. Болниот Му одговори: „Да, Господи! Само немам човек што ќе ме спушти во бањата кога ќе се замати водата; додека, пак, јас дојдам, друг слегува пред мене.”

8. Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!”

9. И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.

10. Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!”

11. Но тој им одговори: „Оној, што ме излекува, ми рече: »Земи ја постелката своја и оди!«“

12. А тие го прашаа: „Кој е човекот што ти рече: »Земи ја постелката своја и оди?«“

13. Но исцелениот не знаеше кој е, зашто Исус се беше отстранил, оти на тоа место имаше многу народ.

14. А потоа Исус го сретна во храмот и му рече: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо!”

15. А човекот отиде и им кажа на Јудејците дека Исус е Оној, што го излекув

Source: https://pokajanie.mk/2020/05/07/27563/

Related Posts

Image Description
9 months ago

За трудот да се сочува бракот!

ЗА БРАКОТ (Д -р Радован Биговиќ, професор на Православниот богословски факултет – Белград) Не постои заедница во која не постои проблем, само прашање е како таа се справува со проблемот. Еден од првите знаци за кризата во бракот е окривувањето на оној другиот за сите проблеми. Тоа е една многу...

Image Description
4 years ago

Моралот во областа на полот (3)

Трет и последен дел од написот Нам ни е особено тешко да посакуваме целомудрие од три причини; не зборувам веќе за негово достигнување. Како прво, нашата повредена природа, демоните што нè искушуваат и целата пропаганда на похотта, обединувајќи се, ни внушуваат дека желбите на кои се противиме се т...

Image Description
1 month ago

Свети Финан, епископот на Линдисфарн

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ФИНАН, ЕПИСКОПОТ НА ЛИНДИСФАРН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 17 ФЕВРУАРИ (?-661; Finan of Lindisfarne) Свети Финан[1] бил Ирец, кој се замонашил во манастирот на Свети Колумба во Јона, а се пр...