НЕПОРОЧНИТЕ ТАЈНИ НА ЦРКВАТА- ПРИЧЕСТ

Example Super-Admin User · 3 weeks ago

    3 minutes, 30 seconds


НЕПОРОЧНИТЕ ТАЈНИ НА ЦРКВАТА- ПРИЧЕСТ    

Za.prichest.otciteНе бидете мрзливи, туку пристапувајте ѝ на чашата на Животот, Бесмртноста, Љубовта и Светоста со страв од Бога и вера. А кој не сака и не се грижи за тоа, тој не Го сака Исус Христос и нема да Го добие Светиот Дух, и, со самото тоа, нема да влезе во Небесното Царство.

св. Кипријан Картагински
                                                                                                           
 
 

 Za.prichest.otcite1И како тие во своите срца да ја запалат Божјата љубов, духовната радост, Божјиот мир и останатите плодови и дарови на Светиот Дух, ако не се причестат со Телото и Крвта на возљубениот Татков Син, Едносуштен со Светиот Дух, Кој, според зборовите на апостолот е вистинска радост, наш мир, и извор на сите богатства? Јас чудам, како денес христијаните можат да ја празнуваат неделата или другите празници во годината и духовно да се радуваат на вистинската радост, ако редовно не се причестуваат, кога тоа е причината за празникот и празнувањето?
                                                                                  св. Григориј Богослов

Za.prichest.otcite2Како ќе успеат да го изгаснат пламенот на страстите, ако не се причестуваат со Непорочните Тајни, кои ја оддалечуваат слабоста, ја смируваат битката со плотта и ги умртвуваат страстите? И затоа, точно е дека тие, кои редовно не се причестуваат ги пропуштаат Божјите и небесни богатства. Притоа, како што и порано сме кажале, тие не ги исполнуваат Господовите заповеди и правилата на Соборите... Оставајќи ја причеста, тие му даваат слобода и место на демонот да ги наведува на разни гревови и искушенија.
                                                      св. Кирил Александриски

Za.prichest.otcite3Никогаш немој да отстапуваш од причестувањето со Христовите Тајни, туку пристапувај им често, бидејќи тоа демонско дејство во тебе се појавило поради тоа што не си се причестила пет недели, па затоа демонот си нашол место во тебе и се разлутил.
                                                                                                                 преп. Макариј Велики

Значи, љубен мој, ако сакаш да ја запалиш ревноста за Бога во своето срце и да ја здобиеш љубовта кон Христос, а со неа и сите останати добродетели, често пристапувај на причест и тогаш ќе се насладиш со Оној што Го сакаш. Невозможно е некој да не Го засака Христос и да не биде Негов љубен, ако редовно се причестува со Неговите Свети Тело и Крв. Тоа се случува на толку природен начин.

      преп. Никодим Светогорец

Za.prichest.otcite4Ако нашиот живот е во Христос, и Тој вели, дека во Него е оној што ги јаде Неговите Тело и Крв, тогаш како да не се причестува често оној што го сака животот? Вам некој ве спречува почесто да се причестувате? – Обично маловетието. За нас зборовите: „Со страв од Бога и вера пристапете“ станаа формалност. Нѐ повикуваат, а никој не пристапува... и никој, освен тоа, не ја забележува недоследноста и дисхармонијата помеѓу ова неотповикување и повикот од Бога... на вечера со Него.

св. Теофан Затворник

Za.prichest.otcite6 

За Преминпортал

Дејан Блажески

Za.prichest.otcite5

 

5ти септември 2020 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25224-neporochnite-tajni-na-crkvata-prichest

Share:

Example Super-Admin User

Perferendis aliquam velit aut non qui voluptas. Velit est voluptatem qui eum rem laboriosam ut. Blanditiis magni earum quo unde repudiandae sequi. Delectus autem quis dolores. Ut rerum aut illum possimus. Officiis placeat ducimus aut harum quos. Est in aspernatur animi. A aut et esse ex dolore sed. Incidunt rerum sed modi culpa. Expedita quia inventore iure aliquam. Itaque laboriosam vel fugiat aut.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

A залуден е сиот наш ум каде што е потребно видение…! (Омилии)

Светските статистики точно знаат колку милијарди луѓе живеат на Земјата денес. Од тие милијарди живи луѓе ниту еден не знае да каже што ќе се случи co светот на крајот од времето и што ќе стане co нас по смртта. И сите оние милијарди и милијарди човечки суштества кои живееја на Земјата пред нас исто...

Image Description
1 year ago

Писма на валаамскиот старец (9)

  29. 1947 г.Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци.Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишенот...

Image Description
1 year ago

Митрополит Атанасиј Лимасолски: За совеста – I дел

    Имајте чиста совест, та со тоа што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.    (1 Петар 3,16)Отците на Црквата расудиле дека совеста е многу важна за човекот. Тие дури тврдат дека само совеста е во состојба...