„Послушај, благословена душо…”

Август 1977 г. Служиме бдение во навечерието (пред празникот) на Успение на Пресвета Богородица во Иверскиот манастир. Потоа одиме во Ставроникитската обител.

Како што е познато, двата манастира се наоѓаат покрај морето. Чекориме по влажниот песок. Морето е малку разбранувано. Водата нè плиска во нозете. Кога дојдовме во Ставроникитскиот манастир, сите се молеа.

Само архондарот послужува, носи вода, слатко и ракија. Потоа нè одведува до соборната Црква, каде што се восхитуваме од уметноста на Теофан Критски, и ни соопштува дека отецот Пајсиј е во манастирот и дека можеме да се видиме co него.

Jac ce радувам и co нетрпение ја очекувам средбата. Колку многу благослов во тој свет ден!

Впечатоците од бдението се надополнуваат co поуките на отец Пајсиј.

Разговарам co други поклоници, за да го скратам времето. Старецот не се забави да се појави на балконот. Се качувам по скалите и му целивам рака. Тој co тивок и умерен глас ми вели:

– Како си, благословена душо?

– Добро, оче. Ние сакаме да Be видиме.

– Да, оче мој, почекај малку долу, додека се подготвам, и ќе поразговараме.

Поминуваат два часа. Старецот се забави. Но зошто? Hè заборави ли нас? Me обзема нетрпение и неспокоj.

За нас, мирјаните, тешко е да ги следиме бавните и спокојни дејствија на монасите. Ние сè правиме co брзање. А околу нив малку нешта се случуваат.

Старецот слегува пo скалилата co торба на рамо и co стап во раката. Го придружува млад лекар.

Старецот гледа кон нас:

– Малку ве задржав, но што да правам? Требаше да се реши едно прашање co игуменот. Сега што ќе правите? Ќе си тргнете или ќе останете?

– Оче, ние одиме во Кутлумуш.

– Добро, тогаш ќе одиме заедно.

Ha излегување од манастирот ни пријдоа двајца монаси, коишто носеа неколку корпи co јајца. Старецот го подигна стапот и, насмевнувајќи се, им рече:

– Оставете ги долу, јас ќе ги скршам…

– Благослови – одговара едниот монах.

Отпуштање на духовниот лак. Краток одмор.

Старецот и болниот лекар приоѓаат поблиску. Ние одиме пo нив. Чувствуваме како неговата љубов се спушта на нас.

Потоа ми доаѓа и мене редот. Близу до старецот се чувствувам како во тивко пристаниште. My раскажувам за тоа што ме вознемирува.

Co голема љубов тој дава совети за духовното и земното и jac лесно ги разбирам.

Пред да разреши некој мој проблем, старецот ќе се помоли.

My откривам нешто што многу ме обеспокојува.  Тој не брза да одговори. Притоа продолжуваме да одиме.

Се прашувам дали воопшто ме слушна. По пет минути тој ми вели:

– Благословена душо… Еве каква мисла ми дојде.

Потресен сум од неговиот одговор. Чувствувам како душата ми се исцелува и го славам Бога.

Сите заедно се искачуваме. По патот наидуваме на една смоква натежната од плодови. Co љубов во гласот старецот ни вели:

– Одете кај смоквата, берете и јадете. Плодови има колку што сакате, не се притеснувајте.

Седнуваме покрај патот. Разговорот преминува кон обични светски нешта. My поставуваме различни прашања, бидејќи знаеме оти сам нема да почне да зборува.

Ние ги слушаме неговите одговори како глас Божји. Продолжуваме да одиме пеш. Неосетно се приближуваме кон местото, каде што старецот свртува по патеката кон неговата ќелија. „Батериите се потрошија” и тој co уморен глас вели:

– Време е да се разделиме.

– Помолете се за нас, оче! – велиме сите во едноглас и се проштеваме.

– Бог да благослови. Секое добро, Пресвета Богородица да биде co вас.

&

Тој се искачува по падината и пополека се оддалечува и се скрива зад грмушките.

Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја – Поуки на светогорскиот старец Пајсиј” од отец Дионисиос Тацис

Подготви Мина Даниловска

Повеќе ...