„…Еднаш големиот научник Њутн беше поканил гости дома.

Во разговорот станало збор и за воскресението на мртвите. Некои изразиле сомневање дека тоа може да се случи.

“Кој ќе го собере распрснатиот прав од починатите тела, за да направи нови тела за душите?” прашале тие.

Њутн молчеливо зел еден грст железни струготини, ги помешал со песок, и прашал:

“Кој од вас ќе може да ги одвои железните струготини од оваа смеса?”

При општата недоумица, учениот маж зел еден голем магнет и ја размешал смесата со него. Одеднаш железните струготини станале осетливи, се раздвижиле и полетале кон магнетот.

Наскоро по него се залепиле сите железни честички.

Тогаш Њутн сериозно ги погледнал присустните и рекол:

“Оној, Кој дал таква сила на овој метал, зарем не може да изврши нешто поголемо преку нашите души, кога ќе дојде времето тие да се облечат во претходните, но веќе обновени тела по воскресението?”

Многу работи во природата ни говорат за воскресението на мртвите.

Ете, посеаното зрно гние во земјата, за да поникне од него нов живот. Св.ап. Павле вели:

“Она што ти го сееш, нема да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго; но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело“ (1 Кор.15:36-38).“

Originalen post ...