Title : o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

o. Горан Стојчевски - Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот

Example User · 3 years ago

 

o. Горан Стојчевски
Испуштените црвени слова да ги надополниме со живот
(тема I во II)


"Како што би рекол нашиот преподобен ава Јустин, толкувајќи го свети Апостол Павле (парафразирам): во Црквата на Светиот Дух, како Тело на Богочовекот Христос, секој молитвено и благодатно се спасува и се восовршува преку сите и со сите, и сите се спасуваат и се восовршуваат преку секого и со секого. Затоа што секој, по благодатта на Светиот Дух, живее во сите и сите живеат во секого" – митр. Наум

Не сум стручен да оценам дали, и како е правилно, тоа секако други повеќе знаат, но почетокот на литургискиот циклус на празниците да го заборавиме е недопустиво. Според Преданието на Црквата почетокот на црковната година е поврзана со објавата на мисијата на Нашиот Господ и Спасител кога завршувајќи го читањето на Пророците, Самиот ги потврдува зборовите на светиот пророк Исаија „Духот Господов е врз Мене, затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцерам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените, да ја проповедам благопријатна година Господова!„ (Лк.4,18-20), а народот Му посведочи, со Амин, „и сите му посведочија и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од Неговата уста„(Лк.4,22). Овој настан се смета и за почеток на литургискиот циклус на празнување во Црквата или како што вели отец А. Шмеман, почеток на осветувањето на времето. Времето е во власт на Бога (види Дела 1,7-8), и времето нам ни е дадено за покајание, за реализирање на нашето спасение, за нашата цел, стекнување на Светиот Дух, барајќи го најнапред царството Божјо според мерата од нашето покајание (види Мр.1,15). Подвигот на нашиот живот не е само наше лично спасение кое секако го реализираме соброно во Црквата преку сите, како што стои во поуката на еден наш отец („Да, Секогашдева Марија е Богородица, а не божица„), туку и во осветувањето на времето и просторот, на сите и на сè што треба да се вклучи во Литургијата на Црквата за да биде принесено на Бога како жртва „преку овие предложени Дарови, а преку нас и на сите Твои луѓе„, оти сè што е соединето со Бога преку Неговото Тело и Крв (пролеана за живот и спасение на светот) е спасено, а Бог е во сите и во сè. А, преку Кого? Ако не преку Црквата која е Тело Христово преку Евхаристијата и преку која се пројавува нашата надеж за верата наша, царството небесно кое го го добиваме љубејќи со Љубовта, со Христос со Кого се причестуваме, за простување на гревовите и за живот вечен. За осветување преку Пресветата Богородица и сите светии и преку сите нас во Христа, Кого го примаме, а за сите и за сè, како што епископот сведочи дека ги принесува светите дарови, подобни на Христовото Тело и Крв, за здравје и спасение од и за сиот народ, и за сите и за сè. Ете, нема ништо што може да биде изземено од Бога, т.е. од Црквата, а никако не, времето кое тече во полнотата која ја очекуваме. Во Црквата има само СЕГА, сето минато, и полнота се „врзани„ во Оној Кој има власт над вековите, но, се осветуваат во Црквата, сега и за секогаш и во вечни векови...оти, царството Негово не ќе има крај. И, сега треба оние црвени букви испуштени или заборавени (Господ знае) во календарчето да ги исполниме во живот, со Литургија и никако поинаку, оти најголемата катастрофа е убивањето на сеќавањето (анамнезата), ако тоа му дозволиме на ѓаволот, да го убие нашето сеќавање во стилот секое чудо за три дена, зарем ќе можеме да се надеваме на стекнувањето на Светиот Дух, на епиклезата без која не можеме да се надеваме и дека ќе ја исполниме целта на подвигот во Бога. Црковната нова година, не смееме да ја испуштиме независно како е врзана, со кој или каков календар во православен оптек, бидејќи секое празнување во Црквата е во полнота, почнувајќи од првиот поголем празник според литургискиот циклус е Рождеството на Пресвета Богородица, и тоа уште еднаш нè става во ситуација да размислиме и да не забораваме, дека сè што просиме во Црквата го добиваме преку Неа, а тоа го сведочиме преку Воскресението Христово, исполнувањето на литургискиот круг на празнување во Црквата и почетокот на новото време – вечниот живот од Него, преку Него и во Него. На овој начин Црквата најавува дека и почетокот и полнотата на нашиот подвиг е празнувањето, радоста за животот откриен во Христа, даден нам за сведоштво во Светиот Дух токму преку Секогаш Дева Марија и сите светии за кои си споменуваме и кои ги поддржуваме и славиме, не само како наш пример туку како наши молитвеници и застапници, а со тоа и наши сотрудници во подвигот. Во моменти кога и за нашите секуларни чествувања земаме светителски благослов и Богородично застапништво, зарем можеме да заборавиме дека ние според зборовите на Спасителот сме тие бедните, сокрушените по срце, заробените, слепите и напатените, и на сите нам ни треба благопријатната година да ја започнеме со покајание, оти без Него не можеме да трепнеме во мигот, а не пак да го осмислуваме времето. А, времето има смисла само во Светата Литургија, тогаш е вечност. Црковна нова година, да, Света Литургија на тој ден обврзна. Господи помилуј, Господи благослови.


Она за што друго сакав да споделам, е за стравот во светот од сè и сешто и барањето на еликсирот за вечен живот или поточно долгоденствие за нас „емигрантите од рајот„ во местово на прогонство низ претераното поклонение на здравата храна. Ние не сме алхемичари, ние сме христијани. Сакаме да живееме здраво, долго и без боледување, но, тоа не е можно. Не е можно, бидејќи сме грешни. И не е можно, бидејќи ние не сме подобри од било кој човек на оваа планета што страда и боледува, и затоа што имаме сведоштво дека големи светилници на Црквата биле болни од најстрашните денес, и во времето познати болести, покажувајќи дека се крв и месо, дека се еден од нас, сите според образот Божји,  но, што е најважно, секогаш и во сè со Христос, и веќе не им е важно што мака имаат туку дека во Христа сè имаат и дека со Христа живеат. Секако овие зборови не се утешителни, но се вистинити, а ако се прифатени како такви, нека бидат и молитвени, благодарствени кон Бога за сето она што ќе дојде, а и во Бога ќе одмине, оти ние сме времени, но за покајние, а сме за вечност во Христа и така исповедаме.

Кратко имам слушнато, деца, пред јадење барем прекрстете се, ако веќе не кажувате молитва. Светот на конформизмот и профитот го донесе семето на злото, ние сме страдалници заради своите гревови првенствено, а ако не е така, ние сме маченици само ако смерно го носиме крстот кон венецот на славата, а знаеме и дека влакната на главата ни се изброени, и Господ знае. Не значи тоа дека не треба да пројавуваме интерес или рекација за она што ни се сервира и убива заради профит и конфорт, но исто така, тоа не значи дека ние, ако го „провалиме„ тоа ќе поставиме и стандарт на здраво живеење во средина повредена од нашиот грев, а кој сме ние? Нели сме ние, како што пее псалмопеачот, само полско цвеќе кое штом ќе процути, ќе дувне ветер и ќе го снема, но, и тоа дека царот Соломон во сета своја слава не се облече како полските кринови, а живот вечен ни даде Христос, нам маловерните, љубејќи нè како Свои деца, нашиот Отец небесен (види Матеј глава 6). Ние сме од Бога и за Бога во Христа Исуса, оти како што вели обожениот апостол „царството Божјо не е јадење и пиење, туку правда, мир и радост во Светиот Дух„(Рим.14,17).

Се надевам дека ја уловивме поентата, и по молитвите на светиот Нектариј Егински кој е учесник во Христовите страдања и во нашите слабости, а пројави сила Христова за вечни векови, нека нè благослови со неговите молитви...Господи помилуј, Господи благослови по молитвите на Пресветата наша Владичица Богородица и секогаш Дева Марија, да ги чуваме нашите сили поткрепени од благодатта само за покајание.

п.с. 1 септември (Јулијански), црковна Нова година и да се прекрстиме пред јадење.


- Некои ќе чекаат да дојде крајот, надвор од ѕидините барајќи ја алтернативата, а некои ќе останат внатре во „гајбата„ и ќе го чекаат почетокот, оти крајот за нив е извесен. Првите ќе го молат Бога, како и секогаш, да ги избави од непријателите, вторите, од покајние (огнено) ќе го молат Бога да се смилува и над непријателите...но, „еден е болскотот на сонцето, друг е болскотот на месечината, инаков, е, пак, на ѕвездите, па и ѕвезда од ѕвезда по болскотот се разликува. Такво е и воскресението на мртвите...„(1Кор.15,43).

Друго:

презвитер Горан Стојчевски -„Послушанието во себе содржи се “

презвитер Горан Стојчевски

о. А.Ткачов - Духовниот живот го разголува човекот

Воскресение Христово - Велигден (втор ден), манастир на св. Никола,с.Љубанци (02.05.2016)

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

 презвитер Горан Стојчевски - ЗА ЗЕМЦКИТЕ РАБОТИ (а,НЕПОТРЕБНО)

презвитер Горан Стојчевски - ХРИСТОВИОТ "ФАБРИКАНТ"

презвитер Горан Стојчевски: ЛЕПРОЗНОТО СУШТИНСКО – БЛАГОДАРАМ (20.12.2015)

 презвитер Горан Стојчевски: ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА АВТЕНТИЧНОТО ПРАВОСЛАВНО ПРЕДАНИЕ

 презвитер Горан Стојчевски - ХРИСТОС – КРИТЕРИУМ ЗА ПОСТОЈАНОСТ И НЕПРЕСТАЈНОСТ ВО ПОДВИГОТ

ДА СЕ МОЛИМЕ НЕПРЕСТАЈНО И НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Зошто христијаните се поделени на православни и католици?

 презвитер Горан Стојчевски - ДОВЕРБАТА ДАДЕНА ОД ХРИСТА СЕ ОПРАВДУВА САМО НИЗ ПОСЛУШАНИЕ

  о.Горан Стојчевски - Образование и воспитание - раст и развој во Христа (26.05.2015)

„Кај тие на кои припаѓаме, се` ни е бело, а кај другите, се` ни е црно“ (20.05.2015)

 презвитер Горан Стојчевски - „ЕВАНГЕЛИЕ„ СПОРЕД СЕБЕ

http://preminportal.com.mk/component/search/?searchword=%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%20%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD%20%D0%A1%D1%82%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8& searchphrase=all& limit=20& start=20

Source: http://preminportal.mk/duhovnost-2/besedi-2/18170-o-goran-stojchevski-ispushtenite-crveni-slova-da-gi-nadopolnime-so-zhivot

Related Posts

Image Description
7 months ago

ТОЈ Е ИСТ КАКО ВО АПОСТОЛСКО ВРЕМЕ! – Свети Симеон Нов Богослов

ТОЈ Е ИСТ КАКО ВО АПОСТОЛСКО ВРЕМЕ „...Секој ден слушам како христијаните зборуваат: „Да живеевме ние во времето на апостолите и да Го имавме видено Господ Исус, и ние ќе бевме светители како нив“. Така си замислуваат во своето незнаење. Бидејќи Оној Кој беседеше во времето на апостолите и сега му б...

Image Description
8 months ago

ЗА ПОСЛУШАНИЕТО – Свети Варсануфиј Оптински

ЗА ПОСЛУШАНИЕТО & Најсигурниот, наједноставниот и најбрзиот пат до спасението води низ послушанието. Вистинското послушание ги надминува сите физички сили на човекот, но Господ е Тој, Кој помага. Тој на нашата сила ја додава Својата сила. Тој, на самиот почеток на нашата решеност да чекориме по...

Image Description
3 months ago

СВЕТЛА СЕДМИЦА – Зошто го барате меѓу мртвите…?

ЗА ЧАСОВИТЕ НА СВЕТА ПАСХА И во целата Светла седмица. Треба да знаеме дека од овој ден н светата и велика недела на Пасха, до саботата, часовите и повечерието се пеат вака: Свештеникот започнува: Благословен е нашиот Бог: Христос Воскресна од мртвите: трипати. Целиот тропар. Потоа говориме трипати:...