four. Што е христијанската љубов, на колку области се дели и како се раѓа во срцето на верникот?

Љубовта во поширока смисла претставува стремеж на човекот кон сè што е убаво и добро, кон сè што е достојно да се посакува. Христијанската љубов е божествена сила излеана во срцето на верникот преку Тајната на Светото Крштение, co којa тој има длабок и чист стремеж кон Бога, неговото најскапоцено добро, и co сите сили на душата посакува соединување co Hero и исполнување на Неговата волја, жртвувајќи го во случај на потреба секое земно добро (“Учење за православната вера”, стр. 314).

Божествената љубов се дели на две скалила, имено:

едното е љубовта која ce добива co сите добри дела, особено co чистата молитва на срцето, и второто е љубовта како божествена несоздадена енергија, како дар од горе (Свешт. проф. д-р Думитру Станилоаје, “Морално богословие”, том III, стр. 254).

35. Кои добри дела ја подобруваат христијанската љубов и кои гревови најмногу ја намалуваат?

Сите добри дела му помагаат на човекот да напредува во божествената љубов, но најмногу од сè чистата молитва.

Најголемиот грев кој ја намалува и ја отстранува од нас божествената љубов е омразата “која е еднаква на човекоубиство” (1 Мој. 27, 41; 1 Jов.three, 15; four, 20), потоа самољубието, гордоста и скржавоста.

36. Кои се ќерките на христијанската љубов?

Ќерките на христијанската љубов се сите добри дела, започнувајќи co светата молитва. Молитвата е и мајка и ќерка на љубовта.

37. Co што се докажува христијанската љубов?

Христијанската љубов, како љубовта кон Бога, така и кон ближниот, се докажува co добрите дела, како: милостина, помагање на неволници, примање на странци, утешување и посетување на патници, помагање на слаби, криење на туѓите мани, простување на оние што нè огорчиле, молитва за добро на другите, жртвувањето на себеси за другите итн. (2. Кор. Eight, 22; 1. Сол. 2, 6; 2. Тим. 2, 10; 1. Jов. three, 6; Лука 17, four; Ефес. four, 23; 2. Кор. 9, 14).

&

38. Што е омразата и зошто се раѓа во срцето на човекот, и како може да се отстрани?

Омразата, како и другите страсти, се раѓа од самољубието, егоизмот, кои се мајка и корен на сите гревови, според свети Јован Дамаскин и свети Ефрем Сирин.

А самољубието, пак, е “неразумна љубов кон телото”, според свети Максим  Исповедник (“Добротољубие”, том II, стр. 67).

Омразата е човекоубиство (1. Jов. three, 15).

Омразата е дозволена само против ѓаволот и против гревот (Псал. 96, 11; Изрек. Eight, 13; Амос 5, 15).

Омразата е дозволена против неправдата, според зборовите на псалмопевецот:

Ја замразив неиравдата и се гнасам од неа (Псал. 118, 163; Рим. 12, 19; Изрек. 13, 5; 17, 13).

Христијаните треба да ја мразат лагата (Псал. 118, 163), треба да ги мразат неправедните патишта (Псал. 118, 104), како и собиралиштето на злонамерните (Псал 25, 5); треба да го мразат советот на оние што Го мразат Бога (Псал 138, 21-22).

Омразата се победува co љубов кон Бога и кон ближните, а љубовта Божја, пак, ја добиваме преку сите добри дела, a особено co чистата молитва.

39. Каква е разликата помеѓу омразата, гневот, зависта, интригите, караниците и злобата, и кои се нивните последици?

Омразата е корен на спомнатите страсти, а тие, пак, и’ се гранки, како што вели свети Ефрем Сирин во својата беседа за разликување на страстите. Последицата од омразата и нејзините ќерки е смртта на душата.

40. Какви духовни поуки и совети им давате на верниците за да ги утврдите во трите богословски добродетели: верата, надежта и љубовта, кои лежат во темелот на нашето спасение?

Јас сум едноставен човек и нешколуван, и не се разбирам во тоа да давам посебни поуки за овие три богословски добродетели. Тоа го оставам на теолозите, кои можат да ги поимат и да им ги толкуваат на оние што ги слушаат.

Тука треба да jа познаваш теологијата сфатлива на оние многумина и нешколувани, кои сè уште не го знаат “Bepyjy” и “Оче наш”. па ниту почетните молитви.

Според мојата слаба моќ и разбирање во она што е за корист на спасението, jac прво ги потсетувам верниците на стравот од Бога, кој го поучува човекот да отстапи од злото (Изрек. 1, 7; 9, 10).

Знаеме од светите отци дека мудроста има два краја.

Долниот е стравот од Бога, а горниот е љубовта кон Бога, која што е “врската на совршенството”.

Почнувајќи од стравот Божји, јас ги поттикнувам верниците на стравот од смртта и Судот. Потоа ги потсетувам на маките во пеколот, на славата на pajoт, на милостината, на растењето на децата во стравот и науката Господова, на искрена и честа исповед, на напуштање на гревовите, кои заедно претставуваат вистинско покајание.

Оние што се во брак ги поттикнувам на чист семеен живот, советувајќи ги да го напуштат тешкиот грев на чедоубиство и сите обиди против зачнувањето на деца.

Ги поттикнувам да ги остават караниците, судењата, гневот, пијанството и омразата и ги поттикнувам да се смират еден co друг пред залезот на сонцето.

Ги поттикнувам верните да не одат кај оние што бајат, што фрлаат магии, или на “отворање на законоправила”, што е гатање co свети нешта, од светите отци наречено “гитија”.

Верниците ги поттикнувам редовно да одат во светата Црква, да ја слушаат проповедта на свештеникот и да не се собираат во невернички куќи или на секташки собири.

Уште ги поттикнувам да се пазат од пијанство, од разврат, од прељуба и од другите стравотии поврзани co овие тешки гревови.

Ги поттикнувам co светост да ги постат четирите пости, како и среда и петок, освен во случај на болест или други околности ако се добие благослов.

Ha верниците им советувам да не читаат еретички и секташки книги, ниту да расправаат за верата co секташи, туку што почесто да го читаат Светото Писмо, како и поуките на светите отци.

На нашите верници им советувам во куќата да имаат “Часослов”, “Псалтир”, “Библија”, “Житија на светителите” и други книги корисни за душата. Ги поттикнувам
да ги слушаат свештениците и духовниците, знаејќи дека се од Бога одредени.

Исто така, ги поттикнувам навечер и наутро да се молат и секоја работа да ја започнат co молитва и co светиот крсен знак.

Ги поттикнувам да живеат во мир co домашните, co соседите, co сите луѓе, да имаат милост кон беспомошните, странците и болните, да не крадат ништо од другите, ниту од заедничкиот имот.

Уште ги поттикнувам да се молат за целиот свет, мажествено да ги поднесуваат неволјите, на оние што се co чест да им даваат чест, на оние кои се co страв – страв, на оние кои ce co давачки – давачки, и никому co ништо да не останат должни, како што нè учи светиот апостол Павле во Посланието до Римјаните, глава 13, 5-Eight.

Ha овој начин и co друго ги учам христијаните, синовите на нашата Православна Црква кои доаѓаат при мене.

А да разработувам голема теологија co тие недолжни христијани, ниту се разбирам, ниту пак сметам дека ќе им биде од голема корист, сè додека имаат млечни заби за највишите и најфини духовни учења.

Мина Даниловска – Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа

Повеќе ...