Title : Oнтолошкиот темел на човекот – боголикоста – Авва Јустин Ќелиски

Oнтолошкиот темел на човекот – боголикоста – Авва Јустин Ќелиски

Example User · 6 months ago

Авва Јустин Ќелиски

„ Со боговоплотувањето Бог му станува близок на човекот, толку близок, поблизок отколку што тоа е човекот сам на себеси.

Tоа го направи на онтолошкиот темел на човекот: боголикоста.

Што ѝ е на боголикоста поблиску од Бог.

Он – нејзиниот оригинал, нејзиното битие – при слободната волја:
која го прави човекот самостојно битие од Бог – преку личноста.

Да, личноста е на прво место:

слободата кон Творецот, од Творецот, кон Творецот.

Секој христијанин, во Телото Христово – Црквата, е продолжеток на Христовото воплотување, на целиот домострој на Богочовечкото спасение, доживување на сецелиот Богочовек:

непрестајно доброволно-благодатно обогочовечување на себеси, охристовување на себеси.

И тоа секогаш: со „сите Светии“, на чело на кои е Пречистата Богомајка.

Оттаму: секој христијанин е црква во мало, а преку тоа и Црква во големо. Затоа христијанинот има „сведоштво во себеси“:

во доживувањето на себеси како „сотелесник“ Христов:

а со тоа: во доживувањето на себеси како вечен, како богочовечен, како отроичен, како „бог по благодат“.

И така: сецелото свето предание е на христијанинот.

Сѐ што е од памтивек во Црквата – негово е, суштински и благодатно: како во ќелиичка на вечноживиот Богочовечки Организам – Црквата.“

Source: https://pokajanie.mk/2020/01/17/25906/

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 weeks ago

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се клањате на она што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум - Тоа што си го приготвил, кому ќе остане? (02.12.2017)

  Тоа што си го приготвил, кому ќе остане? (02.12.2017 10:07) Целиот наш живот е дар Божји. И сиромаштвото е дар Божји, кога сиромавиот со смирение и трпение Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. И богатството е дар Божји, кога богатиот со смирение и трпение им служи...

Image Description
1 year ago

Апостоле свети Марко, моли Го милостивиот Бог, да им даде на душите наши прошка на гревовите!

Светиот апостол и евангелист Марко Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот....