MOЛИТВА НА СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

Tи благодарам Господи и Боже мој, за се` што се случува со мене!

Ти благодарам за сте грижи и искушениа, што си ми ги испратил Ти, заради моето очистување од гревовите со кои ја извалкав својата душа и си го изранив телото!

Помилуј и спаси ги орудијата кои Ти си ги употребил за моето излекување:

тие, луѓето кои ме натажувале, благослови ги во овој и во идниот свет!

Подај им го како одлика тоа што го направиле поради мене! Подари ги со обилни награди од Твоите вечни благодатти!

А што јас Ти принесов ? Какви благоугодни жртви?

Јас ти принесов само гревови, ги нарушував Твоите божествени заповеди.

Прости ми Господи, прости ми мене грешниот пред Тебе и пред луѓето!

Прости ми мене неодговорниот!

Подари ми искрено да посведочам дека сум грешник!

Подари ми да го отфрлам лукавото оправување!

Подари ми покајание!

Подари ми скрушено срце!

Подари ми кроткост и смирение!

Подари ми љубов спрема блиските, љубов непорочна, иста спрема секого и спрема оние кои ме утешуваат и спрема оние кои ме натажуваат!

Подари ми трпение во сите мои маки!

Умртви ме за светот!

Земи ги од мене сите мои гревовни желби, и насади ја во мене Твојата Света волја, да творам, со делата, со зборови, со промисла и со чувство!

Тебе Ти прилега секоја слава за се`!

Единствено што е мое, е засрамено лице и затворена уста.

Стоејќи пред страшниот Твој Суд во мојата бедна молитва, не наоѓам во себе никакво добро дело, ниедна одлика, опфатен сум со мноштво свои гревови како темен облак и магла, стојам, со единствена утеха во мојата душа:

Со надеж на Твојата безгранична милост и добрина.

Амин.

&

Повеќе ...