25. Дали страдањето е залог на вечните маки или отплаќање на гревовите? Каква е смислата и целта на страдањето?

Целта на страдањето за христијаните е една: отплаќање на гревовите на земјата преку различни болести, неволји и болки, поради исчистување и спасение на душата.

За злите, кои не сакаат да се поправат, да се покајат, страдањето на земјата останува како залог на вечните страдања.

А за оние кои од Бога го примаат страдањето co трпение и co благодарност, кои се обраќаат на покајание, страдањето од било кој вид е најдобриот начин за исправање и отплаќање на гревовите, избавувајќи ги од овие вечни маки.

Гледаме дека оние кои повеќе страдаат на земјата се повеќе помирени co својата совест, се подобри, посмирени, посилни во искушенијата, поблиски до Бога, и се спасуваат полесно, како праведниот Jов, сиромавиот Лазар, светите апостоли, маченици, преподобни, и многу други.

А оние што живеат добро – тие се здрави, поседуваат имот и сè што посакуваат на земјата, меѓутоа обично се слабоверни, немилосрдни, тирани, лакоми, егоисти – се плашат од смртта и умираат во тешки гревови, на вечна осуда.

Страдањето одгоре е одредено поради спасение, поради искушување, поради простување на гревовите и поради духовно растење. Ho само ако го примаме co благодарност, како од Божји раце, како што вели и пророкот Давид:

“Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат” (Псал. 22, four).

Значи, жезалот и палката на страдањето ги утешуваат добрите и верните, им даваат успех во добрите дела, ги чистат од гревовите и удостојуваат co поголем венец и награда на небото.

А за злите жезалот на страдањето е повик за покајание, казна за казната и узда во устата, оти не сакаат да се приближат до Господа (Псал. 31,10).

126. Како треба да ја поднесуваме болеста, неправдата, укорувањето, сиромаштијата, односно било кој вид страдање на земјата?

Најнапред да имаме вера дека страдањето, од било кој вид, ни е одредено од Бога, нашиот Отец небесен, за спасение а не за вечна осуда. Потоа, страдањето треба да го примиме co трпение и co благодарност.

А нашето трпение треба да биде здружено co побожност и воздржување (2. Петр. 1, 2-7), да биде здружено co радост (Кол. 1,11) и co надежта.

Трпението во страдањето ja подобрува во нас молитвата, преку исповедта и светата Причесна, преку читањето на светите книги, преку размислувањето за страдањата на нашиот Господ Исус Христос и сите Негови светители, преку посетувањето на оние кои се во потешки страдања од нашите и преку размислувањето за вечното блаженство во рајот.

Бидејќи друг пат за спасението нема, туку само преку крстот, преку страдањето, преку трпението и жртвата, како што вели Спасителот:

“Co трпение спасувајте си ги душите” (Лука 21, 19). “А кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен” (Мат. 24,13).

127. Поради кои причини страдаат невините деца? За какви гревови тие отплаќаат?

Bo втората книга Мојсеева читаме: “Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата до третото и четвртото колено” (2. Мој. 20, 5). И повторно:

“Кој за гревовите на татковците ги казнува децата – дури и внуците до третото и четвртото колено” (2. Мој. 34, 7; 5. Мој. 5, 9; Псал. 36, 28; 108, 13; Иса. 14, 21).

Големиот пророк Јеремија вели: “Ти покажуваш милост на илјадници и за гревовите на татковците нивни им отплаќаш на децата нивни по нив” (Јерем. 32, 18; four. Мој. 14, 18; Jов. 5, four; 21, 19; Иса. 13,16).

Пророк Исаија вели: “Гответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни” (Иса. 14, 21).

Значи, од овие сведоштва на Светото Писмо може доста јасно да се поими поради кои причини страдаат невините деца и чии гревови тие отплаќаат.

Пренесено од книгата  С. Клеопа

Подготви Мина Даниловска

Повеќе ...