Посета на Пресвета Богородица

Еден познат јеромонах раскажува:

„Bo 1977 г. дојдов во ќелијата на старецот и останав кај него неколку денови. Тоа се совпадна co празникот Воздвижение на Чесниот Крст.

Во навечерието на празникот, старецот ми рече дека ќе отслужиме бдение.

Во четири часот попладне ja започнавме вечерната, кажувајќи молитви на бројаница. Во шест часот тој ме повика да пиеме чај, а веднаш потоа продолживме да се молиме на бројаници, секој во својата ќелија.

Вечерта, додека се молев, слушнав дека и старецот се моли и дека оди наваму – натаму, воздивнувајќи. На секои два часа тој чукаше пo ѕидот.

Во дванаесет ја прочитавме полноќницата и последованието за Света Причест. После тоа отидовме во малата Црква да читаме канони.

Читајќи го канонот за Светата Причест, старецот co голема болка изговараше:

‘Пресвета Богородице, спаси нѐ’.

Само што изговорив: ‘Маријо, Мајко Божја’, во малата Црква сѐ се промени.

He можев да сфатам што точно се случи.

Сѐ светеше и jac почувствував како да дува тивко ветре. Кандилото пред иконата на Пресвета Богородица почна да се ниша само од себе.

Во храмот имаше пет кандила, но само тоа се нишаше.

Се завртив кон старецот, но тој ми даде знак да молчам. Самиот тој длабоко ја приклони главата, a jac зедов свеќа.

За половина час запревме да го читаме последованието. Потоа продолжив да го читам сам, a старецот не ми говореше ништо.

Набрзо кандилото престана да се ниша и повторно стана темно.

Утрото го замолив старецот да ми објасни што се случи, а тој ми рече:

‘Знаеш ли, овде, на Света Гора, Пресвета Богородица ги посетува сите манастири и ќелии.

Помина и оттука, видела двајца неразумни и го занишала Своето кандило, за да ни даде знак дека поминала оттука’ – ми одговори старецот, смеејќи се.

Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја – Поуки на светогорскиот старец Пајсиј”

Повеќе ...