119. Како можеме да ја достигнеме оваа духовна молитва?

Сеопштата мајка на молитвата е дар на Светиот Дух.

Тој го учи човекот да се моли, да расте во молитвата, да се искачува од едно скалило на молитвата на друго, сè дури не го достигне највишото скалило. Бидејќи, според светите отци, постојат осум скалила на молитвата:

Природно созерцување во духот, односно размислување за созданијата Божји; молитва на јазикот;

молитва на устата и jазикот, односно гласната молитва;

молитвата на умот и устата, кога се молиш гласно и co целосно внимание;

молитва на умот; молитва на умот и срцето, кога се молиш тајно co внимание и co чувство на срцето;

молитва на срцето, кога умот, преку дар Божји, е проголтан од срцето и оттаму co сила се вознесува на небото.

И последното скалило е созерцателната молитва. Тоа е молитва без зборови, која ja достигнуваат само некои од светителите, преку дар на Светиот Дух.

120. Дали можеме co било која молитва да ја достигнеме огнената молитва на срцето?

Да. Co било која молитва можеме да постигнеме вистинска молитва на срцето. И co читање на “Псалтирот”, ако тоа го правиме co голема вера и внимание, и метании, и акатисти, та дури и co духовно пеење, и co пост, и co сеноќни бденија.

Светите отци ја одбрале Исусовата молитва, како најприкладна за да ja постигнат молитвата на срцето.

Меѓутоа, од молитвата на срцето е поголемо вознесувањето, отстранувањето на умот, од отците наречено “духовно видение”, кога се исчистува воздухот на срцето.

Ова скалило го достигнале Мојсеј и Илиjа, кога се удостоија да беседат co Бога и да ja видат Неговата слава, а особено светиот апостол Павле, кој беше co
“тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо” (2. Кор. 12,2-Three).

Бидејќи ниту тој не знаел.

Ha последното скалило на молитвата душевните сили остануваат при човекот, но Светиот Дух ги носи каде што сака, бидејќи co нив човек повеќе не може да управува. Човековиот ум во тој миг се топи од божествениот оган, како восокот во оган, и повеќе нема свое дејство.

Оние co човечко сфаќање не можат да ја разберат мудроста на Светиот Дух. Ниту откровенијата за време на молитвата не може да ги толкува оној кој ги видел, туку некој друг, поголем од него, како што беше пророкот Даниил.

Тој не можеше да си ги објасни божествените откровенија, туку архангел Гаврил му ги објаснуваше.

121. Дали сте познавале некој монах или мирјанин co молитва на срцето?

Познавав неколкумина пустиници кои живееја во колиби во шумите околу манастирот Сихастрија, околу Сихла (скит во близината на манастирот Сихастрија во парохијата Њамц), Стара Агапија и Пкров (скит во парохијата Њамц), но колку беа напредувале во молитвата знае саме Бог.

До сега сите се заминати од овој свет. Кај нас во Сихастрија молитвата на срцето ја имаа отците Гервасиј, Гашпар, Пајсиј Никитенку, манастирскиот готвач (1970), и можеби Герасим Илија, мојот брат.

Меѓутоа, молитвата на срцето е таинско дејство, кое само Бог го знае, и оној што ja има тешко ja кажува на другите. Понекогаш човекот дури и не знае дека ja има молитвата на срцето.

Постојат и мирјани кои имаат духовна молитва, така што ги надминуваат и монасите.

Да ви раскажам еден чудесен настан кој го видов овде во црквата пред десетина години. Бев чреден во светиот олтар.

Во Црквата дојдов околу четири наутро и кажував молитви на колена пред светата Причесна, пред светата Трпеза. По некое време потоа влезе да се моли некоја жена, која дошла од минатата вечер во манастирот.

He ја познавав.

Се молеше тивко кај сите икони и постојано правеше метании. Таа не знаеше дека има уште некој во црквата. Сè уште беше темно, бидејќи беше зимно време. Гледајќи дека се моли постојано, погледнав преку светите двери за да видам кој се моли co толку вера.

Жената клечеше среде црква и co рацете кренати нагоре од сè срце ги кажуваше овие зборови: “Господи, не оставај ме! Господи, не оставај ме!”

Гледав околу неа жолта светлина и се зачудив. Потоа жената падна co лицето наземи и се молеше без глас.

Светлосниот зрак околу неа стануваше сè поголем и се креваше нагоре. По некое време светлината тивко згасна, а жената се поткрена и излезе од црквата. Жената беше селанка.

Ете, впрочем, кој има дар на молитва! Ете доказ дека мирјаните ги надминуваат монасите!

Јас ја извршував проскомидијата и од голема возбуда започнав да плачам co копјето во раце. Само Бог знае колку избраници има на овој свет!

122. А дали можеме да се спасиме ние кои нема да ја достигнеме мерката на вистинската молитва?

Слушнете што вели Светиот Дух:

Бесплатно сте спасени. He нè спасуваат нашите дела, туку милоста Божја и смирението на срцето. Бидејќи и на светителите им е потребна милоста Божја.

Да правиме што можеме, а дарот на Светиот Дух совршува сè.

Гледате ли што прави една бубачка? Оди ваму-таму. Гледа каде би можела да стапне, според својата сила. Ќе се искачи на лист, ќе падне долу, потоа повторно се искачува; не отстапува cè дури не се искачи горе, на ридот или на врвот од дрвото.

Така прави и птицата. Потскокнува од гранка на гранка, разгледува, замавнува co крилцата, се искачува на дрвјата. И така, според својата сила, cе искачува колку што може повеќе, за да биде во засолниште.

Исто така и ние да правиме.

Да се искачуваме од скалило на скалило. co постоjаност и смиреност, и така, co дарот Божји, ќе ja постигнеме молитвата чиста од мисли и фантазии, потоа и неколку солзи и надеж на спасение.

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од старец Клеопа

Подготви Мина Даниловска

Повеќе ...