Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец

Поголема благодарност им должиме на оние што беа неблагодарни, отколку на оние што ни беа постојано благодарни, оддолжувајќи ни се во овој суетен живот.

Исто така, најдобра молитва е кога некој неправедно нe проколнува, а ние го примаме тоа молчеливо и со добрина.

Природно е дека оние што се близу до Бога никогаш не можат да бидат проколнати, бидејќи во нив нема зло, туку само добрина.

Какво зло и да им биде фрлено на тие осветени луѓе, тоа се осветува, и тие чувствуваат голема скриена радост.

Оние пак, што се оддалечени од Бог, секогаш се неутешени и двојно се измачуваат, бидејќи оној што не верува во Бог и во вечниот живот, освен тоа што останува во овој живот неутешен, душата си ја осудува во вечноста.

Молитва:

Господи Исусе Христе, Сине Божји, со крстот поразувајќи ја древната змија и со врските на мракот во тартарот врзувајќи ја, заштити ме од нејзините сплетки.

Со силата на животворниот Крст и по застапништвото на Ангелот чувар, избави ме од духот на злобата, од лукави луѓе, од магии, проклетства, уроци и од секоја непријателска клевета.

Со Твојата семоќна сила сочувај ме од злото, за озарен со Твојата светлина, безбедно да стигнам на тивкото пристаниште на Царството Небесно и таму вечно да Ти благодарам Тебе, на мојот Спасител, заедно со безначалниот Твој Отец и сесветиот и животворен Твој Дух.

Амин.

Повеќе ...