“При мојата искрена молитва Господ секогаш го прогонува искушувачот,
кој само преку мојата сопствена изопаченост е силен.

Против невидливиот непријател се подига невидливиот Бог, против силниот – Сесилниот.

Поради тоа , секој момент обраќај се кон Христа и постојано мисли на Него;
и ќе се спасиш и себеси и другите.

Без Неговата благодатна помош ти не можеш да победиш ни една единствена страст, ни еден порок.

Повикувај Го постојано. Он дојде во светот да не’ засили во Светиот Дух, за да не’ исчисти и ослободи.

Не губи надеж и прими го Божјиот збор во срцето:

Оној што доаѓа нема да го изгонам надвор.

Моли се без прекин за душата твоја неочекувано да не падне во искушение.

Вежбај се во постојаната молитва на срцето, се’ додека таа не почне да работи во него дури и во сон. “

– Свети Јован Кронштатски

Originalen post ...