10.  Некој од духовните старци рекол: „Пред сѐ, потребно ни е смирение“

Зошто го рекол ова?

Зошто не рекол дека најнапред треба да имаме воздржливост?

Зашто и апостолот вели:

„Секој што се бори, од сѐ се воздржува“ (1. Кор. 9, 25).

&

Или зошто не рекол, дека пред сѐ ни е потребен стравот Божји?

Зашто во Светото писмо е речено: „Почеток на мудроста е стравот Господов“ (Изрек. 1,7).

Исто така, зошто не рекол, дека пред сѐ е потребна милостињата или верата?

Бидејќи е речено: „Со милостиња и чесност гревовите се чистат“ (Изрек. 5,27), и уште:

„Без вера не е можно да Му се угоди на Бога“ (Евр. 11,16).

Зошто тогаш тој, изоставајќи го сето тоа, што е толку потребно, ја истакнува само смиреноста?

– Овој духовен старец со ова ни покажува, дека ни стравот Божји, ни милостињата, ни верата, ни воздржливоста, ни која и да е друга добродетел не може да биде совршена без смирението.

Со смирението биваат искршувани и сите стрели на противникот и на непријателот. Сите светии оделе по патот на смирението и на трудот.

Псалмопеачот извикува:

„Погледни ги страдањата и маките мои, па прости ми ги сите гревови мои“ И уште додава: „Бев во мака и Он ми помогна“ (Псал. 24,18; 114,6).

&

Никој не може со својот јазик да искаже што е смирението, ниту како се раѓа во душата, ако не го познае од својот личен опит, а само од зборови никој не може да го познае.

Некогаш авва Зосим говорел за смирението и за тоа дека колку е некој посвет, толку е посмирен. Тогаш некој софист го прашалː

„Зарем ти не знаеш дека имаш добродетели?

Ете, ти гледаш дека ги исполнуваш заповедите, па како тогаш, кога живееш свето, можеш да се сметаш за грешен?“.

Старецот не нашол друг одговор, туку само му реколː

&

„Не знам што да ти кажам, но јас се сметам за грешен“.

И кога софистот сѐ уште продолжувал да му биде здодевен со своите прашања, старецот само повторувалː

„Не знам како, но јас навистина се сметам за грешен. Не ме вознемирувај.“

Исто така, и кога авва Агатон се приближувал кон крајот на својот земен живот, браќата му реклеː „И ти ли се плашиш, оче?“

А тој им одговорилː

„Колку што можев, јас се принудував да ги исполнувам заповедите, но јас сум човек, и како можам да знам дали на Бога Му е угодно моето дело?

Зашто едно е Божјиот суд, а друго е – човековиот“.

Originalen post ...