Прeподобен Гавриил Ургебадзе.

На 22 февруари 2014 година, во женскиот манастир Самтавро (Мцхет, Грузија) беше извршено ексхумирање на моштите на преподобниот Старец, исповедник и чудотворец Гаврил (Ургебадзе).

Седумнаесет години по неговото упокојување, на 20 декември 2012 година Старец Гаврил е вброен во светителите на Грузиската Црква.

Светител кој околу вратот носел табла на која пишувало:

„Човек без љубов е како стомна без дно“.

Желбата за монаштво кај него се јавила уште во раната младост. Монашкиот завет го дал на свои 26 години.

Покажувајќи го својот револт кон безбожничкиот режим, запалил огромен портрет на Ленин.

По ова бил затворен, а му се случувале и полоши работи: епископите не му давале да служи и немал можност да се причестува.

Подоцна го прогласиле и за луд.

Ова смирено го прифатил и оттогаш станал јуродив.

Со тоа се прикривал секогаш кога ќе направел добро дело, понекогаш преправајќи се дека е пијан.

Спиел во јама, а некое време живеел и во кокошарник.

Кога завршило времето на прогон на христијаните и кога во луѓето почнала да се раѓа желбата за духовното, многумина почнале да доаѓаат кај јеромонахот Гаврил за духовен совет.

Тој станал Старец и духовник на многу луѓе, вклучувајќи ги и монахињите од еден женски манастир.

Манастирот во кој живеел е посветен на Господовото Преображение, каде воедно се наоѓаат и моштите на света рамноапостолна Нина.

Првпат дошол во Самтаврискиот манастир на 12-годишна возраст. Монасите го примиле, но не му дозволиле да остане. На манастирските порти цела ноќ Ѝ се молел на Мајката Божја да го прими во манастирот. По многу години неговата молитва била услишена.

Погребан е на местото каде се молела света Нина.

Поуки од преподобниот Гавриил (Ургебадзе)

„Верата е талант, даден од Бога“

„Смирението е неугаслива свеќа, угодна на Бога!“

„Секои искушение покрај смирениот ќе помине, и нема да се допре до него“.

„Милоста е злато, а смирението брилијант“.

„Кога почнувам да се сметам за подобар од другите, тогаш ја ставам на глава мојата дијадема и излегувам на улица бос. Луѓето гледаат во мене и се смеат, а јас гледам колку сум ништожен.“

„Туѓите гревови не се твоја работа. Ти седи и плачи за своите гревови.“

„Ако видиш убиец, или блудница, или пијаница, како се прпела на земјата, не осудувај никого, затоа што Бог ги отпуштил неговите узди, а твоите узди ги држи во раце. Ако и твоите ги отпушти, ќе се најдеш во полоша состојба: можеш да паднеш во истиот грев, за кого го осудуваш другиот, и да загинеш.“

„Господ ја помилувал блудницата, го спасил разбојникот. Марија Египетска била блудница, но со Божја помош почнала да се подвизува во пустината, постела, се молела и ги победила страстите, се очистила и станала достојна за Царството Небесно. Господ понижува и возвишува.“

„Само со срце, полно со љубов, може да се изобличуваат гревовите на другиот човек.“

„Ти не осудувај, судија е Самиот Бог. Тој, што осудува, е како празен клас пченица, на кого главата му е секогаш подигната и затоа секогаш на сите гледа одозгора.“

„Треба да ги сакаме сите. Но, ако не можеш, барем на сите посакувај им добро.“

„Нема на земјата човек, кој би можел потполно да објасни што е тоа љубов. На земјата, и така нема да го дознаеш тоа.“

„Ако мразиш барем еден човек – во неговиот образ го мразиш Самиот Христос и далеку си од Царството Небесно.“

„Живеј така, за не само Бог да те сака, но и луѓето да те сакаат – поголемо од тоа нема ништо.“

„Бог не прима празни зборови, Бог сака дела. Добрите дела – тоа и е љубовта.“

„Ако некој е болен и има потреба од лек, а тој лек треба да се донеси оддалеку, можеби и ноќе, и преку шума да се помине, каде што шетаат волци – и ти, не размислувајќи, тргнуваш на пат заради спасение на ближниот – тоа е љубов.“

„Како ќе биде спокојна душата на човекот, кога ближниот е во опасност? Ако дома имате болен човек, и нема кој да се грижи за него, подоборо не одете во црква, останете дома.“

„Непрестајно стреми се кон Бога. Гледајќи го твојот стремеж, Бог ќе ти даде сè што е неопходно.“

Originalen post ...