Преподобен Никифор

Прво беше католик, а после премина во Православие.

Се подвизуваше како монах на Света Гора заедно со мудриот Теолипт.

Му беше учител на славниот светител Григориј Палама. Напиша едно дело за умствената молитва.

Се престави кај Господ во 14 век. Преподобен Никифор учеше:

„Собери го својот ум и принуди го да влезе во срцето и таму да остане. Кога твојот ум ќе се утврди во срцето, не треба да стои празен, туку постојано да ја твори молитвата:

„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме! “

И никогаш да не замолкне.

Преку ова во тебе ќе се всели целата низа добродетели: љубовта, радоста, мирот и останатото, па секоја твоја прозба пред Бога ќе биде исполнета.“

Повеќе ...